ЧИТАЈТЕ ДЕЦА!!! – Татјана Алексиќ

Се обидувам на средношколците да им објаснам кои се ви-ај-пи личности! Потребата за херои, богови, идоли и глорификација на јавни ликови е стара колку и човештвото. Во златното време на античка Грција, подоцна и во европската ренесанса, примери за углед и авторитет биле исклучителни луѓе со кредибилитет и заслужен респект. Некогаш Сократ, подоцна Леонардо да Винчи, па Ајнштајн… Најпопуларните ви-ај-пи персони во минатото биле Пикасо, Енди Ворхол, Јуриј Гаргарин и Нил Амстронг, Ганди, Мендела, а да не ги набројувам Битлси, Стоунси и други по заслуга легендарни ликови.

Сега, по заслуга, тоа би биле по некоја лото-девојка позната по скандали, џет-сетерка со естетски интервенции, sвезда на реално шоу, девојка на богат бизнисмен или фудбалер, скандал-мајстори, ловци на таленти, а богами и политичари со бунга-бунга епитети. Хипертрофираната рационалност ја турка креативноста, емотивноста, талентот, а со тоа и митовите од сцена. Наместо нив , просечни естрадни уметници со натпросечна смисла за скандал, стануваат медиумски суперхерои, ви-ај-пи ликови, џет-сетери па дури и снобови (патем, снобови биле образовани луѓе на францускиот двор со префинети манири, познавачи на класична литература и танци, вешто се служеле со есцајг, само не биле со сина крв…)

Проблемот не е во нив, во квази етикецијата, туку во публиката која се препознава во нив и ги глорифицира.

Посетено 815 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!