Ако пишува на latinica со CAPS LOCK, сигурно све знае за вируси и мобилни технологии!

Науката вели дека доколку некој пишува latinica со CAPS LOCK и не користи интерпукциски знаци, туку напротив, е скаран со граматиката и правописот… е личност која е длабоко запознаена со секој вирус, секоја нова генерација на поврзаност на мобилна технологија…

Користи АМИН, УНИШТИ и СТОП 5Г и на постови кои изобилуваат со сарказам и иронија на едно дезифнормирано општество, кое е далеку пострашно до неиформираното.

Споделува линкови со титловани видеа исклучиво на српско-хрватски јазик, кои истите се споделени од српско-хрватски новокомпоновани сајтови со соминтелна содржина.

Споделува слики од помор на врапчиња и чавки.

Членува во рандом групи со наслови кои повикуваат на сопирање на 5Г мрежата која не е ни воспоставена кај нас.

Верува дека корона вирусот е измислена работа и очекува нешто големо да настане откако ќе се крене завесата.

Не ги слуша СЗО, ниту мерките и верува дека магично ВИРУСОТ НЕМА НЕГО ДА ГО ФАТИ, а и како кога тој нели не постои.

Не носи маска, ниту ракавици. Пипка се’ што ќе му дојде при рака и се задржува пред рафтовите и по 15 минути додека бира крем-банани и гумени бонбони.

Верува во разни теории на заговор, чита секакви портали (најчесто од Балканот), наместо да провери што има чичко Гардијан да каже на пример.

И на крај… успева со својата дезинформираност да стави во заблуда неиформирано општество кое решило да му верува.

Со лажните вести и верувања во нешто за кое не е научно докажано дека постои како такво, наместо да ја намалите тензијата и паниката, вие ја зголемувате.

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 966 пати