Ако не можеш по магарето, удри по самарот!

Вработениот во „Комуналец“ кој фрлаше ѓубре во Вардар, денеска избркан од работа 

Оваа вест вртоглаво се шири по социјалните медиуми. Пошто нели голема ствар направија! Го исфрлија метларот од работа! Срамота!

Од мала сум учена ѓубрето да го ставам во џебот или ташната, па кога ќе дојде време за „генералка“, свашта можам да изнајдам по тајните скривалишта. Така што, најмалку го одобрувам чинов на господинот, ама што е со големците кои чекаат Ирена и нејзината екипа од #НеБидиЃубре да го исчистат големиот смет?

Како што и претходно напишав, веста стана вирална, па очекувано имаше бројни реакции. Од плачки, љутешки, па се до срциња, лајкови и смешки… Демек го заебаа… Абе луѓе, заебани сме ние од кога сме родени, ама кој да ни каже…

Казни бе го, скрати му нешто од плата, ама отказ? Да бидеме реални, ја работат најмизерната работа и сигурно не од ќеф, туку затоа што си го прехрануваат семејството. Од ќеф и љубов кон државата, горенаведената чисти. Па, после читаме и за неа како се „фалела“. Па, има и зошто.

Стварате револт. Ништо повеќе…

А смешковциве и љубовкиве, нека си се присетат следен пат кога ќе го фрлат отпушокот.

Поздрав, срцки. Прекрасни сте! Го решивте проблемот за час!

Посетено 1.480 пати