По административните ходници почнува сезоната “Ај, уште малку”..
Се распушти Собранието, на здравје избори во април .
Од утре по административните ходници почнува сезоната “Ај, уште малку”..
Искуствено, најгласни во “Ај, уште малку” ќе бидат оние кои никад, ништо не сработиле, кои, освен изразена суета и нула знаење, ништо друго немаат…Ќе викаат и оние кои три години поминаа во “зимски сон”, на кои влакно од глава не им фалеше ама сеа, пуким чудом, разгневени и лажно обесправени, ќе се стројат први во редот на нетрпеливи “очекувачи” на изборните резултати.
Ај уште малку до “будењето” на 13ти април. Будењето ќе биде брутално бидејќи резултатите, какви и да се, нема да не’ променат, сите ќе се разбудиме исти ко што сме и денес- мрзите- мрзи, глупаците- глупаци, лигушите- лигуши, вредните-вредни, добрите- добри итн..
Проблемот е во тоа што “будењето” не значи и свестување, а уште помалку осознавање на себе си и признание на сопствениот капацитет.
И така до наредната сезона на “Ај, уште малку”..