ХА-ХА ЏАБЕ ТИ Е

„Доста ме следиш ма“ senka_majkatiitatkoti
„Хаха а што ќе ми направиш ?“
„Сериозен сум..иди лечи се ..
ќе ти мавнам шамар ако не престанеш“
„Хаха ај баш да видам“
Замавнав со сета сила..ништо, ја промашив
„Хаха џабе ти е“ – ми се смее во фаца
„Ќе те наместам кола да те згази’
И тоа не ми успеа, преживеа
„Ќе те газам со нозе додека не умреш“
И тоа не ми успеа
„Ќе те испрскам со боја“
Џабе, ја испрскав со ауто лак, ништо
„Ќе те отрујам со пипс“
Ја испрскав, пак неуспешно
Што да правам, ај ќе трчам ,
сигурно ќе и избегам
Трчам, трчам а она е пак цело време до мене
Конечно срцето не ми издржа и паднав,
Гледам како и она легнува до мене
„Добро бе Зоки, не ли знаеш дека
никогаш не можеш да избегаш од својата сенка,
сега џабе и двајцата ќе умреме“
-со тажен глас ми се обраќа
„Што не ми кажа порано, касно е сега“
Полека ми се затворија очите
Полека ја снема и мојата сенка

Посетено 344 пати