Зошто денес не сме задоволни во љубовта?
Фејсбук статус: Светлана Камџијаш
Познатиот дијагностичар на општеството, Ерих Фром, наведува две причини. Првата е општото мнение дека нема што да се учи за љубовта, таа е нешто што случајно се доживува и нé обзема, ако имаме среќа. Втората, која произлегува од првата, е дека проблемот се сведува на тоа дали сме доволно `добри` за да бидеме сакани, што би значело: за мажите моќни и богати, а за жените убави и привлечни. Така, современиот проблем на љубовта е во барање на објектот – оној кој ќе нé сака, а не во вистинскиот проблем – ДАЛИ ЗНАЕМЕ ДА САКАМЕ. Според него љубовта треба и може да се научи, слично како свирење виолина или некоја друга вештина , хе хе.
Посетено 1.414 пати