Вратете го џубоксот..
[fblike]
Нема ништо пострашно во очи да ја гледаш разделбата со младоста. Ништо помалку страшно и болно да го мериш пулсот на бавното умирање. На државата. На човекот. И млад и стар. Болката со разделбата стана дел од нашата препознатливост. Таа душевната, која е сто пати посилна и попроколната од физичката.
Кога и да се спомне иселувањето на младите, не може а да не не` жегне во утробата на она најскриеното, чувството на збогување со моето, твоето, нашето најмило. Кога во државата наместо младост и полет, го чувствуваш мирисот на душата што полека не напушта, а ја остава тагата, самотијата и староста како темел на животот. Гледаме неуморно иселување, од уморно живеење
Станавме држава на иселенички куфер..вратете го џубоксот..
Посетено 565 пати