Влегов во погрешен филм
Во кој „филм“ да се ставам денес?
Фраерски?.. ма не, вчера бев фраер
Хипстерски?.. требаше порано да ми текне,пред
да се избричам а и цвикерите не знам кај ми се
Нешто хипи?.. сите шарени алишта ми се на перење
а и косичкава не ми е баш во тој фазон
Интелектуалец а?.. може, ќе идам на поетско читање
ама не , сабота е, сите ќрш ќе се прават,
а јас ќе слушам поезија, нема теорија, па не сум изрод
Да глумам некоја битна фаца од министерство?
хмм, немам пари за спонзоруши
„Ај влези во мојот филм… ми се јавува еден „филм“ од мозоков“
„кој филм си ти, не те знам?“
„ти се паднав на наградна игра“
„а бе ај, како може да ми се падне „филм“ , морам сам да си го направам!“
„од кај да знам, си кликнал некаде „јес“ по грешка на интернет
и ете така ти се паднав“
„е па добро..а што филм си ти“
„мафијашки“
„што?..да изигравам мафијаш, нема шанси“
„пробај бе, не биди полн со стереотипи“
„а пиштоли, златни ланци и сл?“
„а бе све има … ене ти ги во кутијата за прва помош“
И така, влегов во мафијашки филм,
за 8 мин 3 пати ме истепаа, 2 пати ме уапсија
и само еднаш ме убија
Батали, не сум за тој филм
Утре ќе бидам Ганди, и онака немам што да облечам