Вистинска случка: Оток, скопски лик

zoki_panker_otok_naslovna

ПРЕД 7 дена ме сретнува еден тип
-еј како си?..како Балет?… 3 години не сум бил
-нормално..како и обично
-а ТОЈ доаѓа уште?
-да
-добар е?
-да
-а ТАА доаѓа?
-да
-добра е?
-да
и така пола саат испрашување за некои луѓе

ПРЕД 4 дена, пак истиот фраер
-еј како си? како Балет?.. 3 години не сум бил
-таман си е
-а ТОЈ доаѓа?
-да
-како е?
-а да му се јавиш па прашај си го
-а ТАА?
-па и на таа можеш да и се јавиш
заврши разговорот

ВЧЕРА, пак истиот тип
-еј како си? како Балет?..3 години не сум бил
( е мене тука ми пукна филм од типов и му одговарам)
-е па овака…2010та сменив 12 сијалици и еден писоар
многу луѓе се фатија, неколку раскинаа
ама не смеам да ти ги кажам имињата
ако те интересира финансиски извештај за таа година
еве ти го бројот од сметководителот
-ти ме заебаваш?
-не бе зошто?
ме погледа чудно и си отиде

Посетено 4.873 пати