УВ зрачење – сè што е потребно да знаете за да се заштитите

Дознајте повеќе за УВА и УВБ зраците и штетата што може да настане како резултат на овие зраци

[dropcap]Л[/dropcap]етното сонце може да биде голем проблем ако не знаеме колкава штета може да нанесат УВ зраците. Добивањето на темен тен е целта на многумина, но безбедното потемнување без изгореници, пеги, брчки, прерано стареење на кожата или останати кожни заболувања треба да ни биде на прво место. Ако сакаме да се сончаме на здрав начин, најпрво треба да дознаеме што е можно повеќе за УВ зрачењето и видот на УВ зраци.

УВ зрачење

uv-zracenje-se-sto-e-potrebno-da-znaete-za-da-se-zastititeУВ (УлтраВиолетовите) зраците се невидливи за човековото око. За разлика од видливата сончева светлина која можеме да ја видиме и сончевата топлина која можеме да ја почувствуваме, УВ зраците не можат да се видат. Ваквите зраци може да прават оштетувања на кожата без ние да сме свесни за тоа. Постојат неколку вида на УВ зраци и тоа: УВА, УВБ и УВЦ зраци. Ултравиолетовото зрачење може да биде причина за многу кожни заболувања вклучувајќи го и ракот на кожата. Тоа може да ја оштети клеточната ДНК на кожата, што придонесува за појавата на рак на кожата.

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/uv-zracenje-se-sto-e-potrebno-da-znaete-za-da-se-zastitite/”]Дознајте сè за UVA/UVB/UVC зраците[/button]

Посетено 510 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.