Утринско кафе со Жанко Галабоски

utrinsko kafe baner CRN tenokKIMBO LOGO banner
Жанко З’ш Голабоски

Денот го почнувам со утринско кафе з’ш кафе(то ти е муфте кафе хахахах). Иначе како и свако живо биче и јас си имам некои ритуали, ќе ви ги кажам, ама не кажвете ги никому. На пример штом станам насабајле најпрвин си мавам 2-3 шамари ако ме заболиТ ОК е, значи жив сум и може да кинисаме со нови сили во нови победи.

НЕ почнувам со кафе туку со медена доза(лајче мед, млака вода и малку цимет) најефтино ми е, а најздраво, з’ш во ова оскудација скапо е да се пијаТ кафе дома. И така првото кафе го пијам во радио со колегата DJ Dzomba, нормално комшивките частет, дали еспресо, турско, нескафе, а и не е битно, најважно да е гага, иначе вистинското охридско кафе се пијат со охридски варен ѓеврек.

ВелеТ дека кафето се пијало полека, па со муабет, па рекла-казала, е па за мене то не важиТ, јас го пијам на екс и во многу голема шоља. Иначе не сум некој заразен кафеџија.

И за крај да ве поздравам со песната нејќу каве, пијана су какао…поззз и убав ден.

 

Нејќу кафе пијана су какао…

Posted by Добра Музика on Сабота, 06 јуни 2020

Посетено 2.081 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!