ИВАНА КОЛЕВА

utrinsko kafe baner CRN tenokKIMBO LOGO banner

Ivana Koleva
Ивана Колева, основач на брендот Се за Роденден

Кафето како предвесник на денот. На гладно срце насабајлечки. Околу 9 часот да бидам искрена. Тешко се будам и кафето ми помага. Кога го пијам (топло најчесто) размислувам како поминал роденденот вчера. Или како ќе ги декорираме родендените закажани за утре. Обично родендените за сите се поврзуваат со торта. Кај нас ги поврзуваме со кафе.

Мирисот на кафе е неспоредлив со друг мирис, нели? Од кафиња најмногу пијам „Illy“ и „Lavazza“, а обожавам и филтер кафе (најмногу кога шетам во странство) и секако турското кафе кое ме потсеќа на мојата најсакана баба. Меѓу арабика и робуста зрно ќе одберам арабика. Бидејќи по природа повеќе ја почитувам содржината отколку формата

Посетено 1.168 пати