ИРИНА КОСТОВСКА

utrinsko kafe baner CRN tenokKIMBO LOGO banner

Ирина Костовска – ДКЦ “Карпош“
Ирина Костовска – ДКЦ “Карпош“

Хм кафе,а? Мислам дека не постои поголем кафе-пијач од мене. Првото ми е во 8,оо ч., Нес,топло, голема шоља во комбинација со цигарче и музиче на ТВ, на фрекфенција Classic или VH и го пијам сама додека не се разбудат девојките. Таа музика, ммммм ме потсетува на минатото, на едно прекрасно минато време,на младоста хахахха,така се освестувам, се будам. Ако е станат Емилијано пред мене, а секогаш е пред мене буден, јас сум спанката, ечам од дневна: “Емилчооо стави вода“, се разбира ако е дома, а тоа е понекад-никад, барем последниве 5 месеци, снима дечкото,го ослободува Скопје во моментов ама од Битола. Потоа имаш гужва пред гол, еден маж и три женски, тепачка, кој, што, каде, зошто ќе облекува, што ќе облекува, каде оди, во кој правец, нахрани го мачето, мачето избегало во влез, фати го, Хм интересно нели? На работа во ДКЦ “Карпош“ или поранешен “Пионерски дом Карпош“, најубавата зграда во градов го пијам второто, а понекогаш и третото турско или Нескафе во друштво со колегите, на клупа во двор, вистинско уживање и одеднаш се појавуваат деца, многу деца, нема поубава, повесела и порелакс работа од мојата.
А да,темата беше кафето,нели? За мене тој чаробен пијалок, значи со него се будам, се дружам преку ден, може да се каже дека ми е најверен пријател. Today

Посетено 1.452 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!