Тато бе!

Banner_GIF

covek na klupa_majkatiitatkoti[fblike]
Мајка ми ми кажа да ја чекам на една клупа
ама некој човек веќе седеше таму… сељак!
Стојам на страна,
го гледам човеков,малце ми изгледа смешно
и баеѓи швркнато
-Чичко зошто сте толку ружен?- го прашувам
-дете не се збори така со постари – одговори
-добро…а чичко зошто господ кога делел лепота
вас ве прескокнал?
-Дете..
-А чичко зошто стомакот ви е како напумпана топка?
-А главата како кофа?
-А рацете како штипалки за шпагети?
-а колената како германски шлем од II-ра светска војна?
-а телото како страшило за чавки во Овче Поле?
-а ушите како Радио Скопје I-ва програма од 1967-ма?
– а очите како џамлии на некој што нема појма да игра?
-а кичмата како федерче од пенкало?
-а образите како… – тука мајка ми се појавува и ме прекинува
-Зоки еве конечно да го упознаеш татко ти – ми вика
и покажува накај човекот од клупата
Сакав да му кажам „извини тато“ ама не успеав,
човекот стана, ме погледна со неверување,
извади моторна пила од јакна и ме испокасапи
Не му се лутам, сам си го барав

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/prikaski-za-mali-deca/zoki-panker/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]Alfa-GooolemNovogodisenPopust-2017-11-16-1180x90

Посетено 4.249 пати