Сума Сумарум: Политичкото ривалство прејде во омраза сама по себе и сама за себе

Види мали, за да го сконташ сегашново срање, морам да ти раскажам све од почеток. А почетокот за тебе е од кога се растури Југославија, зашо пред тоа ти не беше ни планиран. Растурањето беше со крв до колена, и тогаш ми стана јасно дека на Сутјеска и Неретва не биле заробени баш сите четници и усташи. Додека овие се колеа, (и од кога испозаклаа илјадници луѓе, едните одма станаа членки на ЕУ, а другите кај и да е ќе станат) ние као најмирољубива багра добивме пофалница за покажан особен неинтерес и неуспех, со епитет “оаза на мирот”. И така, со пофалницата под мишка, таман да не примат у Европска унија и НАТО, иакочи проблем, за кој што јас кога слушнав се згазив од смеење, за на крај да испадне дека немам смисол за хумор!

magarinja-pocetna_majkatiitatkoti

Грција не ни дава да се викаме Македонија, и тачка! Ова “и тачка”, да ти се викало “вето”, ја поима немав!?… И така ветонирани, почнаа да ни доаѓаат разноразни наводно засекирани гангстери у одела, со најубави желби за брзо решавање на проблемот. А проблемот беше така добро исмислен, за никад да не може да се реши(или барем да трае доволно долго додека не се распаднеме). За тоа грците немаа ама баш никаква реална потреба, до толку и со таков интезитет да дигнат прашина(башка се изнатрошија пари на гладно срце за еден куп знаци и билборди на кои што пишува Македонија). така да проблемот со името по се изгледа дека на нив им е зададено домашно (поради кое требаше да го активираат историскиот синдром на посран анус), и да не те чуди ако тоа домашно, евентуално им е зададено од страна на тие кај што сакаме да влеземе и да бидеме членка!?…

Таква перверзија мали, нема ни у нај хард кор порничи, у кои што љумфер држава као нашата, со куртони на чело, го јаде у сите пози!…Куртони мали, е синоним за полуписмени, искомплексирани, инфантилни медиокритети од најниска категорија кои што комплексите ги покриваат со дркост и безобразлук, а неуспешноста со сарказам и ароганција. И да не ти се верува, само такви се изредија у нашава политика од почеток до денес, и од прв до последен (секоја чест на исклучоците, ќе кажам од куртоазија). Таквите пациенти мали, парламентарната демократија ја претворија во сериозен социолошки проблем! Политичкото ривалство прејде во омраза сама по себе и сама за себе, се испокараа и не сакаат да се видат другари, комшии, фамилии, концепт на тој што може да му позавидат и најголемите непријатели на Македонија! Двата клана, едниот со комплекси на виша, и другиот со комплекси на нижа вредност, максимално се фокусираа на негувањето и одржувањето на таа омраза(и сето тоа презачинето со невидена пљачка). Така да ,али, кога ќе сумираш све, испаѓа дека оваа вукојебина не е планирана од надвор, затоа што нема штоф ни од внатре. BTW, катастарот е затворен 1912та, немаш имотен лист мали, јеби га! Затоа…ГИТЛА!!!

* * * * * *

За текстот не постојат авторски права, напишаното е само уште еден ремикс на една стара македонска   – иста песна!

Автор: познат-непознат

Посетено 1.165 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!