Сенки од флуор

senki od fluor

Сите сенки се тажни близнаци
сијамски сврзани, на различни континенти
бледи знаци кои цртаат градови.
А секој град е празна боца кислород
нуркач во сопствената кал.
Новиот ден во стариот град е љубов по Рихтер
топломери без жива, епитаф без букви.

Јас познавам сенки што пеат
познавам и мостови кој не сврзуваат ништо
Луѓе без име, извесна Џејн До, извесна и жива
Не се сите бомби темпирани,
постојат револвери надвор од стриповите.
Сите олуци не бараат куршум
Урбан Вестерн, покриен со панцир.

Замисли да сме црви кој спијат мирно
…на дното од текилата.
Или да сме руски капилари спржени од вотка.
Ракија од ферментирани солзи
или коњак од кралска пот
Кога се пијани и среќата и тагата.

Посетено 382 пати