Секој е бетер од некој
[fblike]
Нема човек кој не е заебан,
вака или онака.
И најдобрите во душа
имаат еден куп мани.
Потрагата по идеален човек,
секому, би требало да заврши
на осумнаесет години.
Кажи ми еден совршен
да му ги скршам забите! –
рече Путец и смени кафеана.
Нема таков.
Единки, самобендисани или не,
најдобри или бетер од лајно.
И што? Го знаеш тоа сто години.
Но подобро е цел живот да трагаш
по некој таков имагинарен лик
отколку да се откажеш од сите.
Што ќе ти преостане, ти?
Со сите гомна што не ги збира
ни во бродски контејнер.
Заеби сè што е врзано за тебе!
Наоколу има безброј ликови,
и не мора многу да се потрудиш
за да откриеш еден куп гомна
поголеми дури и од тебе.
Посетено 1.824 пати