ПАРЧЕТО МАГЛА

Секоја зима кога е најгустата магла
идам надвор и со нож отсекувам големо парче и го чувам
во замрзнувач до наредната зима
Тогаш го вадам парчето, го одмрзнувам
и правам место за тазе магла
Во стопеното ланското парче магла обавезно
наоѓам разни работи, сообраќајни знаци, контејнери,
шалови и капчиња ама сега кога ја одмрзнував маглата
се појави некој човечки лик.
Земав фен, го уклучив на најсилно
Полека-полека маглата се топеше
откривајќи тело на девојка..
Млада, згодна и навидум мртва девојка
И давам вештачко дишење-џабе
Ја штипкам, мавам шамари- пак ништо
Ја споив со штекер – само малце и се подзапали косата
Отворив тегла ајвар, и’ ја ставив под нос
нагло се стресе и конечно оживеа
Ме гледа тупаво:
„кој си ти?..се знаеме?“ – ме прашува
„не“
„ејј пак вчера сум претерала со пиење, срамота више“
-си мрмља во себе ама доволно гласно да ја слушнам
„не ма, не е до тоа“
„па што барам кај тебе?“
И’ објаснив
„што збориш?..скоро цела година сум била замрзната!!“
„да..извини, не те видов“
„и како сега да идам дома?
„како- како?..ќе ти дадам пари за такси“
„не мислев на тоа…ми ја гледаш облекава?“
„да, што и фали?“
„како што???..па стара е 1 год, ќе ми се смеат на улица,
ни баба ми не носи толку стара облека
а косава ми е како гром да ме удрил“
„а да се јавиш кај твоите, сигурно се извадени од памет“
„па што ако се, да идам прво да се средам па ќе им се јавам“
„ок, таму ти е купатилото“
Од таму ја слушам како ми вика:
„овој смрдлив сапун го користиш?
чешмата од кога не си ја сменил?
зошто ти е на лево тоалетната хартија?
зошто немаш резервна четка, со прсти ли ќе мијам заби?
зошто немаш фото-шоп на огледалото
зошто….“
Само што искочи од купатило ја треснав со пегла
директ во глава и глупавиот мозок се распрсна
по цела соба
Не го чистам, ќе чекам бубашвабите да го изедат и
да се отрујат, зошто џабе да ги бркам и прскам со хемии
„Извини што не успеав и срцето да ти го одмрзнам“
-му шепнав на мртвото уво и ја вратив во замрзнувач
Изгледа годинава ќе останам
без традиционалната коцка магла,
јбг, нема место
Посетено 330 пати