Остана стаклената девојка, но оди скрши ја да те видам..
Ситничарка што секогаш внимава на детали, ситничарка кога се работи за чувствата на другите, секогаш гледа како да им угоди, да ги задоволи, но никогаш не била ситничарка кога се работело за нејзините чувства.
Тогаш беше девојката со стаклен поглед, онаа чии очи се кршеа под злобата и омразата на луѓето, изневерувањето на мажите и пријателите, демотивацијата од семејството.
И што уште не што предизвикуваше нејзиниот поглед да се скрши, да се изгуби во најтемниот кружен ќош во улицата предизвикувајќи и вртоглавица.
Девојката со стаклен поглед, ја нарекуваа, можеше да се видиш себеси во нејзините очи толку чисто, можеби затоа што претходно претерано ги измила со солзи.
Таа се бара себеси во туѓите очи, но не може да се најде, сите имаат некоја раска, прашина, која ја спречува да се види чисто, убаво како што таа им дозволува на сите безрезервно да sирнат во нејзините очи гледајќи ја душата која ги отпоздравува како ненајавен гостин, секогаш добредојден.
Девојката со стаклен поглед, стаклено срце, бидејќи погледот го претвора во солзи, а срцето постојано и се крши на парчиња, стаклената девојка со еден збор.
Отсекогаш била таква, но во моментот кога сфати дека солзите може да ги спречи со затворање на очите, срцето да не го скрши, правајќи се дека го нема, реши да остане стаклената девојка, но оди скрши ја да те видам…
Ќе се исечеш!
Посетено 6.492 пати