Некој Ја Сака, Како Што Не Ја Сакав Јас Никогаш, Но Ја Засакав Сега, Кога Ме Остави, Засекогаш!

[fblike]ostavena_majkatiitatkoti
Кратко еспресо и чаша вода, ќе ве молам.
Извинете, пепелник ќе може?
Го слушнав нејзиниот глас веднаш после мојот кој тивко се изгуби во просторот.
Се завртив незабележително, таму беше таа со некој, станала дама, вистинска дама, тој до неа може да речам дека е соодветен за нејзината појава.
Можеби подоодветен отколку што бев некогаш јас држејќи ја за рака, грешка…
Никогаш не ја држев за рака, освен во кревет, жалам за тоа.
Еве тој сега ја дофаќа нејзината, ја бакнува, ме гори неговиот бакнеж на моја кожа, ги чувствувам неговите усни како ме горат бакнувајќи ја нејзината рака, моја рака, некогаш беше моја!
Совршено се вклопуваше во празнините на мојата кога ќе ја дофатев при водењето љубов.
Сега во неговата изгледа толку неприродно, можеби затоа што некогаш била во мојата, не знам.
Само знам дека некој го има она што некогаш било мое, некој го бакнува она што некогаш сум го бакнувал јас, некој го сака она што никогаш не сум го сакал јас.
Некој ја пречека таа што ја избркав, некој ја прими во прегратка откако јас ја отфрлив од мојата.
Некој ја дофати за рака кога паѓаше кон дното, а јас ја туркав се подлабоко кон него, некој ја крена, онаму каде што јас ја турнав.
Некој ја сака, како што не ја сакав јас никогаш, но ја засакав сега, кога ме остави, засекогаш!
Посетено 10.399 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!