Некои работи не се прават пред девојка ти

nekoi raboti ne se pravat pred devojka ti

Се наведнав да ги заврзам врвците , ми се слоши
и почнава да повраќам
Прво обична повраќаница, па кога ми се потроши
повратив упаљач, пола кутија цигари,
чергиче од Икеа, клучевите од кола,
скрипта Стопанско Право
(ете кај ми била, џабе паѓав 3 пати)
звончето од точак, 5-6 метра црева
некаков кармин…
„аха..од кај ти е овој кармин..не е мој“
-почна да хистерише девојка ми
„од кај да…“-тогаш повратив и шнола
„и шнола !!!!…. е сега ќе видиш“
и фати душмански да ме мава со
ташната по глава и клоци во стомакот
Од тие удари уште повише ми се повраќа
па од уста ми искачаат огледалото од лифт,
даљинското од стариот телевизор
тестаментот на дедо ми
па сите ограни и сите коски и
на крај мојата кожа беспомошно се испружи на тротоарот
Ја гледам така девојка ми како стои врз мене
а под миничот и’ се наѕираат црвените чипкасти
гаќички, поклон од бившиот дечко
„што ма , со истите гаќи од вчера ?“
Ауу што ми требаше ова да го кажам, ептен ја збеснав
„ѓубре едно, стоко неваспитана“ – ми кажа
и ми ја збрца штиклата во мозок
Мислам дека тука раскинавме
Наравоучение:
некои работи не се прават пред девојка ти

Посетено 4.184 пати