Не може да имаш среќна врска, ако не си среќен самиот со себе

Кога влегуваме во врска потребно е да бидеме свесни дека не треба само да се грижиме за сопствената среќа, туку заедничната, бидејќи нели во врската не сме сами.

Постои уште една личност која очекува од нас љубов, разбирање, авантури, предизвици кои ќе се остваруваат заедно и иднина.

Но, како ќе го изведеме сето ова ако прво не се сакаме самите, не се разбираме или познаваме целосно, не сакаме авантури и предизвици и не сме заинтересирани за иднината со партнерот?

Едноставно е, потребано е да сфатиме колку вредиме за некој друг да не цени, потребно е да се заљубиме самите во себе прво, за потоа да не сака некој друг, потребно е да сакаме да го живееме животот интересно, за некој друг да посака да го живее неговиот со нас.

Едноставно потребно е да сме среќни прво самите со себеси, за да имаме среќна врска, независно дали се работи за семејна, љубовна или пријателска врска, па дури и врска самите со себеси.

Иако не е баш едноставно да го изведеме сето ова за краток период, нема потреба да брзаме доколку сакаме квалитетен резултат кој ќе ни користи цел живот.

Потребно е време за да стекнеме висока самодоверба, да се запознаеме во целост и да се засакаме со сите свои несовршености, бидејќи веќе знаете тие не прават совршени.

Вие сте уникатни, запомнете!
Ако го прифатите тоа не само што ќе ви се восхитуваат сите околу вас, туку ќе посакаат постојано да бидат во ваше друштво.

Кој не би посакал да се дружи или да биде во врска со самоуверена, успешна личност, која знае колку вреди, што сака во животот и како да го добие истото?

Кога ќе започнете да се заљубувате во себеси, тогаш ќе ја сфатите поентата на напишаното, а дотогаш обидувајте се да го направите тоа.

Останувајте сами повеќе време и осознајте се, достигнете високо ниво на самоактуелизација и дури тогаш впуштете се во нова врска или подобрете ја старата.

Кога се сакате себеси, партнерот ќе го сакате се повеќе, а тој ќе ве сака дупло, кога ќе се разбирате себеси, ќе го разбирате партнерот повеќе, а тој ќе ве разбира дупло и за крај кога ќе бидете среќни со себеси, ќе го направите партнерот посреќен, а тој ќе ви возврати дупло!

И запомнете, не може да имате среќна врска со никој, доколку претходно не сте среќни самите со себеси!

Посетено 2.859 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!