Не е до тебе, ни до мене: Вистинската причина поради која врските се распаѓаат

Дали навистина сакаме да покажуваме на другите со прст. Многу брзо можеме да обвиниме некого, без оглед на тоа која била нашата улога во крајниот исход.

Верувам дека ова е еден од најголемите недостатоци на човечките суштества- имаме необичен талент претерано да ги упростуваме нештата, ама баш се.

Сметаме дека наједноставниот одговор е правилен. Смешно е како се потекнува од недоразбирањето на Окамовиот жилет

Овој принцип, спротивно од популарното верување, не тврди дека наједноставниот одговор е правилен одговор. Тоа е само дел од овој принцип, и за жал се чини дека луѓето го запамтиле само овој дел.

Другиот дел, којшто е всушност почетен дел, е од клучно значење за самиот принцип, без него принципот е нецелосен.

Во него се вели дека избирањето на одговор со помалку претпоставки е подобра опција. Само тогаш кога сте ги ограничиле одговорите на тие што имаат најмалку претпоставки, тогаш можете да го изберете наједноставниот.

Окамовиот жилет не заклучува дека наједноставниот одговор е секогаш правилниот, бидејќи голем број од овие ‘прости’ одговори воопшто и не се одговори. Тие се загонетни и со претпоставки кои, крајно, само го комплицираат проблемот кој сакаме да го решиме.

Сепак, луѓето ќе се одлучат за наједноставниот одговор или причина кога и да посакаат- особено кога резонирањето е понесено од нивните чувства или нивното его.

Откако ќе бидеме понесени од ситуацијата ние се убедуваме себеси слепо да веруваме дека одговорот соодветствува на потребите. Дискутираме и се расправаме не за да дојдеме до знаење или подобро да се разбереме, туку за да победиме.

Ние имаме неверојатен натпреварувачки дух бидејќи нашето его се обидува да го оддржи во живот верувањето дека ние сме најдобри. Сакаме сами себе да се увериме во нашата сила, интелект, страст и безгрешност. Сите го правиме ова до некој степен, а некои и многу повеќе од другите.

Ако проблемот го засегнува нашиот дом, толку повеќе сакаме да имаме чисти раце и наместо тоа ќе обвиниме друга личност. Ја упростуваме ситуацијата и бараме начин да се увериме себе дека другите се виновни- ако не беа тие, ние ќе успеевме.

Токму поради ова, имаме големи потешкотии во меѓучовечките односи. Не сакаме да веруваме дека можеби сме виновни.

Најлудиот дел е ако зборуваме со нашите умови ќе ја навредиме другата личност и дури можеби и ситуацијата ќе ескалира- што ќе биде потешко и непријатно за нас- ние играме улога на маченици, исповедувајќи се дека не е до нив и дека ние имаме сопствени демони со кои треба да се справиме.

Дали ова воопшто изгледа како едноставна ситуација?

Не сакаме да прифатиме дека можеби сме, а веројатно сме, дел од причините поради кои работите не вродија со плод, додека ние се преправаме дека веруваме оти ние сме таа причина.

Тогаш одиме толку далеку што дури се обидуваме да ја убедиме и другата личност, некој за кој некогаш се грижевме, а можеби и сеуште се грижиме, дека се обвинуваме себеси. Но ние не се обвинуваме себе, ги обвинуваме нив.

Речиси сме убедени дека нештата се распаднаа поради другата личност. Неговите или нејзините дела не доведоа до крајот на врската.

Поради тоа што сме толку сигурни во тоа и поради тоа што одлучивме дека дискусиите се залудни, ставаме крај на најлесниот и најкукавички можен начин- “Не е до тебе, до мене е.”

Но, до вас е. Или барем веруваме дека е до вас. Можеби нема да ви кажеме во лице, но така чувствуваме. Да претпоставиме дека знаеме што чувствувате и мислите и претпоставуваме дека не сте способни да се промените. Сметаме дека врската го одредила својот пат и време е да скокнете од бродот.

Толку многу претпоставки…сепак дојдовме до заклучок и план за дејствување. Виновна е личноста со која раскинавме, бидејќи тоа е наједноставниот одговор. Ако се обвиниме и двајцата, работите малку ќе се искомплицираат.

Ќе се чувствуваме заглавени и збунети, не знаејќи како да продолжиме. На овој начин, можеме да се преправаме дека врската никогаш и не постоела и да тргнеме по својот пат, без оглед како тоа влијае на другата личност.

Вистината е дека врските се комплицирани. Животот е комплициран. Начинот на кој се чувствуваме е комплициран. Можеби не е пријатно да се спакуваат сите овие нешта во нашите умови, но ако одбиеме да се потрудиме во правењето на избори за кои не сме целосно запознаени, тогаш донесуваме одлуки кои имаат несакани последици.

Вистината е дека не е ваша вина. Ниту пак вина на вашиот партнер. Вие сте човечки суштества, не сте богови. Правите грешки, кажувате нешта кои не ги мислите и одвреме навреме се однесувате глупо- тоа е она што луѓето го прават. Тоа е во ред.

Но, не замижувајте тогаш кога работите ќе се почнат да се комплицираат. Со тоа што одбирате да бидете слепи и да не ги земате работите во предвид не си правите добро, бидејќи кога ќе ги отворите за само една секунда ќе бидете поразени. А да не споменуваме дека само ќе продолжите да донесувате погрешни одлуки во животот.

Причината поради која вашата врска тргна по трнлив пат е што и двајцата сте егоцентрични, грешни луѓе кои се обидуваат да делат заеднички живот. Се обидувате да правите нешто што е неприродно. Романсата е неприродна- таа е наша сопствена креација. Вашиот живот никогаш нема да биде бајка.

Никогаш нема да има строго дефинирана содржина и заклучок. Нема причина зошто би обвиниле некого. Но, не можете да го игнорирате тоа. Не можете да ја игнорирате улогата која ја игравте вие и вашиот партнер.

И двајцата правите грешки. На некои врски мора да им дојде крајот, но тоа треба да бидат искуства од кои ќе учиме. Ако одлучивте да ставите крај, бидете сигурни дека си заминувате со важна лекција, освен ако не ја прифатите погрдата страна на вистината.

Посетено 10.766 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!