МОЖЕ ЕДЕН ГРИЗ?*

-знаеш што мислам? – ја прашувамdzoger_majkatiitatkoti
-Не
-мислам дека те сакам
-и јас исто
-даа, ме сакаш?
-не бе, сама се сакам
-ах, извини, како само смеев да помислам
такво нешто…..и сега?
-што сега?
-сакаш да идеме кај мене?
-што ќе правиме?
-ќе имаме секс со саканите
-не те резбирам?
-јас ќе те ебам тебе, а ти еби се себе
-пак не те разбирам
-ма еби се
-тука?..на сред улица?
-ај ќе влеземе во кафиќ, иди во ВЦ
и таму еби се
Влегуваме во првиот кафич и јас одма се шанкирам
и му се фрлам на алкохолот а она иде во ВЦ
Ја нема да искочи 2 саати..3 саати
Доаѓа фајронт и келнерот
зема да чисти
-Хаха дечко не ти е малце чуден џогерот? – го прашувам
-зошто ?… еј стварно, има човек закачено на него,
изгледа девојка некоја…ја познаваш?
И’ ја тргам косата што и паднала преку очи…мртва е
-да, ја познавав… продолжи да чистиш, гледаш што убава
виткана коса има, подобра од било кој џогер
-а што прави тука закачена?
-и’ кажав да да иде во ВЦ и да се ебе ама малце претерала..ај чао
Излегувам, седнувам на првата клупа и од ранче вадам
лубеница, отсекувам еден триаголник
-може еден гриз? – слушам женски глас
-еби се – дрско одговарам без да тргнам поглед од лубеницата
-а може со тебе?
Дигам полека поглед, гледам женски кондури па нозе, нозе,
нозе, нозе, уште нозе, 2 метра нозе, црвени гаѓички
и една слатка пијана женска фаца
-се разбира дека може, него кај си ти до сега
да ми се појавиш во животов?
Не ме разбра, пијана беше
Немавме секс, пијана беше, одма отиде да повраќа
Немавме секс, пијан бев, одма заспав
Не е ни битно, мислам дека ја сакам
а за неа не знам, да се разбуди
па ќе ја прашам

* оригиналниот наслов е: ЕБИ СЕ

Посетено 487 пати