Машка гордост, а пи*ка во душа!

 

maska gordost_majkatiitatkoti

Кој ќе те допира како што те допирав јас?

Секое мое движење го полудуваше твоето его и го тераше да потклекне пред мојата љубов и страст.

Егото паѓаше на колена, молејќи за уште.

Кој ќе те бакнува како што те бакнував јас?

Со секој мој бакнеж се ежеше секое едно влакненце од твоето тело, косата ти се накоштруваше како на маче, а рацете ти се препотуваа.

Нозете ти попуштаа, заедно со егото и ти паѓаше на колена и молеше за уште.

Јас ти давав, те хранев како гладно куче кое секогаш кога ќе ја намирисаше мојата близина мрдаше со опашката, очекувајќи да го помилувам, да го нахранам.

Да му дадам да јаде од мојата душа, да пие од мојата страст и никогаш да не ожедне.

Ти не знаеше за доста, јас ти давав, ти грабаше, како децата кога грабаат бомбончиња од рацете на баба и дедо.

Ти давав, но не добивав ништо за возврат.

Љубовта која ја чувствував ако може да се нарече така, на врв од игла можеш да ја собереш, еј!

Ете толку добивав од тебе, себичен!

Го изеде срцето, ја испи страста, ја исцрпи душата, ја униши и ја фрли на земја како ѓубре.

Над тие мои рушевини повторно го изгради твоето его кое биди сигурен дека нема да те стопли во претстојните зимски ноќи.

Сега замини, така сит од мене, нека ти спадне љубовта, се презасити, крв нека ти се стори.

А јас ќе продолжам понатаму, уништена и скршена, така прекрасна што секогаш кога ќе ме сретнеш случајно или намерно, повторно да почувствуваш глад за мене.

Во тие мигови нема да ти се вратам, колку и да сакам, ќе те оставам да умреш од глад и жед сам со своето его и машка гордост, ПИЧКО!

Посетено 8.628 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!