Љубов што беше тоа?
но, од љубов не се бега
Се прашував зарем во овој свет во кој преовладува материјализмот, сексизмот и нечовечноста, дали навистина постои љубовта?
Постоела во бајките, не велам не, но животот не е приказна од бајките со среќен крај.
Барем така си мислев, се додека не ја начекав едно врнежливо утро пред мене, застана ме погледна во очи и ми рече – “Здраво, јас сум љубовта, еве постојам, дали сакаш да ти влезам во срцето, па да ме почувствуваш?”
Свеста ми ја зеде, кога почнав да трчам, да трчам колку што ме држат нозете, но проклетата имаше некоја силна енергија која ми ги враќаше чекорите назад,кон неа.
Два чекори напред, три назад, да ме видеше некој ќе си речеше оро играм.
Кога подобро ќе размислам на некој начин оро играв, се вртев во круг, се фаќав за многу раце кои ги пуштав кога орото ми здосадуваше.
Но, играв едно исто оро, крај немаше, се вртев во круг и секаде ја сретнував, бегав од неа, бегав како од чума.
Една вечер решив да се напијам малку во свое друштво кога еве ја пак се појави, во чашката алкохол и да не сакав морав да ја испијам.
Сум платил за неа, не ќе ја истурам во цвеќето зад мене, ја манав на екс и ме удри во глава, таа љубов, кога на крај забележав дека кучката е добар пријател за пиење.
Не одбиваше чашка, две плус, се дружевме долги години, на моменти ми здосадуваше, на моменти не можев без неа, на моменти ја оставав сама, сакав да и недостасувам.
Но, напротив во тие моменти таа ми недостасуваше премногу, па се уплашив и решив повторно да бегам од неа.
Не сакав да ми недостига некој, не сакав да се врзам за никој, не сакав таа љубов да ми стане зависност, опсесија.
Бегав што бегав, стигнав до едно езерце, беше топличко времето, си реков ќе се џитнам да се изладам малку.
Пливав, пливав кога ете ја повторно таа гнаса, љубовта ми дојде. Пливаше со мене, а јас ја игнорирав, но не си заминуваше.
Поради тоа нејзино нaпнување, јас се изнервирав и така занесена заминав во длабокото, а таа ми рече, сега знаеш ли колку сме далеку од обалата?
Нема каде да бегаш повеќе, дојди да те гушнам.
Спиздена вриснав, сега ли ти текна да ме гушкаш, пливам ќе се удавам, но не ме послуша, ги обви рацете врз мене, а мене ми падна жал, престанав да претам и се препуштив.
Заедно потонавме на дното, без воздух, станавме едно, станавме како водата, чисти и препуштени сами на себе, не знаевме каде одиме, но одевме заедно.
После некое време ми снема воздух, почнав да се давам, си реков ете што ми направи таа љубовта, ме удави, го зедов последниот здив и оставив заедно со водата да ме измие и од внатре.
Чувствував како душата ми ја плакни, а јас полека го испуштам животот од раце, немав сила да се борам повеќе за здив, едноставно папсав во водата, папсав во прегратките на љубовта.
После извесен период се разбудив гола на обала, кога се свртив до мене лежеше таа, љубовта, мојата љубов. Почувствував силна желба да ја гушнам, ме спасила си реков, не се удавив и така почнавме да се сексавме на плажа, кога сфатив дека…
…залудно сум бегала од неа цело време, таа можеби ќе те убие, но таа може и да те спаси, а ти можеш да бегаш колку сакаш се додека не го сфатиш ова, од љубов не се бега, таа секогаш ќе те фати!