Лица
-Зоки зошто оној е зелен во лицето?
-зошто е глуп
-а оној што е бел?
-пиел млеко
-а оној со црвено лице?
-од кечап му е такво
-а оној со плаво?
-полицаец е
-а оној со црно лице?
-лихвар
-а оној со шарено лице?
-политичар, премачкан е со сите бои
-а ти зошто имаш проѕирно лице?
-па не знам, какво сакаш да имам?
-еве овакво – вади мравка од џеб
-добро, штом така сакаш
Ја изедов мравката,
му направив чоколадно млеко
и го легнав,
а јас искочив да се начукам
пред да ми заличи главата
на Атомската Мравка.
Тогаш по сите кафичи ќе ме откачуваат со:
„не може акрепу, приватна забава“
или
„не може мравко, само за луѓе“
Успешно се начукав, се будам,
се гледам во огледало и вриснав
од страв кога се видов
Нејќете да видите огромна мамурна мравка,
believe me.
Мојот врисок го разбуди детенцето
па кога ме виде онака поспано
почна да ме прска со Пипс
и да ме мава со папуча.
Да му кажам кој сум или
да го оставам да ме убие?