Контроверзната “друга” Мона Лиза изложена во Сингапур
Дали навистина ја насликал Леонардо да Винчи?
“Помладата” верзија на “Мона Лиза” е изложена во Сингапур, со која започна првата светска турнеја на контроверзната верзија на најпознатиот портртет на светот.
Кога Хју Блекес во 1913. година ја откри сликата на девојката на Lise del Giocondo , портрет, за кој се верува дека Да Винчи го насликал 10 години пред, “Мона Лиза”, знаеше дека неговоте откровеније ќе биде исполнето со “сериозен скептицизам”. Дури и денес, по цел еден век, скептицизмот не стивнува. Сепак, “Мона Лиза од Isleworth“, која го доби името според местото во Велика Британија, каде што беше откриена, конечно ја дочека својата прва изложба.
Светската турнеја започна во Сингапур во крајот на 2014 година, а ќе продолжи во Југоисточна Азија и Австралија, за потоа да продолжи и понатаму. Иако ова е нејзината прва вистинска изложба, сликата првпат била презентирана на јавноста од фондацијата Мона Лиза во 2012 година. Угледен тим на историчари на уметноста и експерти за ликовни уметности темелно ја проучувале сликата за да се утврди нејзината автентичност, а наодите од резултатите се објавени на изложбата.
Познат е фактот дека Да Винчи често сликал неколку верзии на неговите дела. Со цел да потврдат дека “младата Мона Лиза” насликани право, експертите посветија посебно внимание на пигментите на сликата, потезите со четката и техника. Анализата покажа дека сликата ја има насликано левак, во раните 1500-ти години и дека содржи неколку цртежи под потезите направени со четката. Овие се сите карактеристики кои се припишува на уметноста на ренесансниот гениј Леонардо да Винчи.
Веруваме дека изложбата ќе ја посетат многумина, и оние кои веруваат во вистинитоста на сликата, како и оние кои сакаат да ја задоволат својата љубопитност и да видат дали навистина овој најпознат портрет на сите времиња е дело создадено од рацете на да Винчи.
Посетено 853 пати