Кога ќе се потсетиш на мене, голтни
Кога ќе се потсетиш на мене, голтни.
Пробај да ги голтнеш бакнежите, прегратките, разговорите, спиењето заедно без да спиеме.
Голтни, бе.
Ајде голтни да те видам, но пази да не ти залетне.
Сето тоа е преголем залак кој тешко се протнува низ срцето, тешко можеш да го свареш, тешко можеш да ме свареш, како што тешко ме вареше секогаш.
Но, сепак пробај, голтни си, голтни ја таа кнедла која ти стои во грло секогаш кога ќе се потсетиш, секогаш кога ќе слушнеш љубовна песна испеана како од моја уста, секогаш кога ќе видеш заљубен пар без љубов, секогаш кога ќе ти недостигам, голтни.
Испиј ме со таа последна капка вино која ќе те зашемети пред тоа да го направат спомените.
Голтни!
Посетено 1.657 пати