Кога ќе ме нема, најмногу во тебе ќе ме има..

izbor_majkatiitatkoti
..мојата слика во твојот новчаник,
како дедо што чува слика од внук,внука,
заборавен на пулт во аптека,
моите зборови, меморирани во твојата сенка,
потцртани три реда од омилената љубовна книга,
мојата насмевка, насликана во твојата соба
како божица на платно, со уље,
моите допири, запишани во звуци
од твојата најгласна, вечна ЛП-лејка,
мојот мирис, присутен во твоите ноздрви,
сеедно дал во биртија, театар или на планина.
впиена во секој твој допир,
на недопиена чаша, недосвирена музика,
неизустена пцовка, недопушена цигара,
мојот лик како ѓаволица во сон,
насред грозница од студ,
тоа црното под нокти, што вечно те нервира,
остриот жилет, кој наутро те засекува и пече,
новата кошула, од 200 евра,
што ја носиш, а најмногу те стега,
легната ко ладен шприцер после сарма,
добра пура, после кавијар,
посакана ко рамен стомак
на полна плажа..
..таа сум,
таа, што кога ќе ме нема, најмногу во тебе ќе ме има..

Посетено 2.410 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!