Ќе боли, но замини, јас веќе те испратив…

Ќе се смеам и за двајцата.
cura so cigara_majkatiitatkoti
Ќе боли, но замини, никогаш не се враќај повеќе, јас веќе те испратив, надвор од мојот живот, надвор од секојдневието, надвор од деновите, месеците, годините.
Иако се уште остануваш во срцето, мислите, спомените, секој ден, секој месец, секоја измината година.
Ќе боли, но замини, а јас ќе се смеам повторно како и секогаш со болка во срцето, солзи во очите, но ќе се смеам.
Ќе се смеам и за двајцата.
Ќе боли, но замини, пушти ја мојата рака, скини се од срцево, излези од душава, сакам да ти кажам…замини, те молам, бидејќи заедно ќе заминеме во неповрат.
Кога подобро ќе размислам, сфаќам дека веќе си заминат, само треба да те пуштам од чувствата, треба да те избришам и од спомените во кои живееш, за да заминеш слободно, како ништо да не било.
Не плачи за мене, ниту за себе, јас плачам за двајцата, тивко секоја вечер на перница, те среќавам во соновите, те одминувам во реалноста.
И заминуваш, иако знам дека никогаш нема да се вратиш, сугурна сум дека секогаш ќе останеш, без разлика колку и да те терам да заминеш.
Замини!
Ќе боли, но јас веќе те испратив…
Посетено 8.603 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!