Карактер е кога знаеш во право време да кажеш НЕ!

595х90 px-01

mozocen-udar-sonja_majkatiitatkoti[fblike]
Ми се јавува пријател и ме кани на гости. вели, дојди да се видиме, убав муабет да си направиме..се спремив и отидов со едно убаво црвено вино..на врата ме пречека со муабет кој што, појма немам од кога почнал, па си продужи..седнавме на маса, тој продолжи од тема на тема да скока, ко залутан вонматеричен сперматозоид…го слушав со часови, од време-навреме успевав да земам здив, и полека ко на час по јога, го испуштав да не му попречам во зборот.. траеше долго време и ручекот и муабетот..си поминаа часови..откако ноќта длабоко загази во тие ситни саати, пријателот ме праша: “да не те гњавам со муабетиве?”
– Не! Таман работа – реков, и тој продолжи, се` до моето предколабирање..
..многу си го ценам каракерот, пред се` што секогаш знам во вистинско време да кажам НЕ!

595х90 px-01

Посетено 3.189 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!