Како да изградите самодоверба

samodoverba_majkatiitatkotiКако да изградите самодоверба на опасен џентламен?

Не морате. Веќе ја имате. Самите ваши аспирации да станете опасен џентламен или опасна дама се неверојатно генијални.

Самошто ги прегледав првите 15 хита на Google и најсподелуваните статии на сите времиња за градењето на самодоверба, за како да изградите самодоверба, за како да станете доверливи и се што пронајдов беше толку конвенционално што за малку ќе повратев.

Ова е вистината за тоа како исклучителните луѓе како Steve Jobs, Elon Musk, Richard Branson и Shawn “JAY Z” Carter ги живеат свите животи со самодоверба

1. Обидете се да ме запрете. Мене не ми треба дозвола од никој. Ако сметам дека тоа е добра идеја, ќе го направам. Ако не успеам, тогаш не било добра идеја и ќе се обидам со нешто друго. Слободно обидете се ако сакате да ме запрете, но најверојатно го немате она што е потребно. ( Замислете си го Richard Branson како закупува привател авион, а потоа продава билети и покрај тоа што нема пари да плати за авионот.)

2. Дали постојат докази дека можете да успеете? Ако постојат, тогаш направете го тоа, а ако не погледнете под број 3.

3. Дали постои некој доказ дека не можете да успеете? Тоа што не сте го правеле ова претходно не се брои. Недостатокот на негативни докази е причина за самодоверба исто како и присуството на позитивни докази

4. Дали оваа работа треба да се направи? Тогаш ќе ја направам. Ако не треба да се направи, тогаш некој друг нека си го троши времето

5. Дали некој друг го прави тоа добро? Ако не, јас ќе го направам

6. Дали јас замарам, но сфатете дека е многу важно најпосле да се подобрам? Тогаш ќе продолжам се додека не станам подобар. Извинете ме сите ако направам хаос. Наскоро ситуацијата ќе се подобри.

7. Дали сум жив? Тогаш сум човек и заслужувам исто онолку внимание, почит и авторитет како и секое друго човечко суштество. Самоуверен сум за оваа работа.

8. Зошто сите размислуваат, но никој не зборува? Тогаш веројатно јас ќе треба да кажам. Бидејќи на повеќето од луѓето им недостасува самодоверба.

9. Дали јас, во основа, сум добар човек? Да. Треба да го застапувам она во што верувам. Ова е она што го нарекуваме ‘да се има храброст за да се изнесат своите убедувања’.

10. Дали сите зборуваат на апстрактен и теоретски јазик и прават нештата да звучат комплицирано? Веројатно и не се толку комплицирани. Зошто само да не дејствуваме?

11. Дали мојот ум само ми набројува причини зошто не сум доволно добар, доволно паметен за да не го направам она што навистина го сакам? Кажете му на умот да замолчи. Го можете вие тоа.

Погледнете го овој маж. Дали ви изгледа како да му недостасува самодоверба?

maz samodoverba_majkatiitatkoti

По ѓаволите, не. А не треба ниту на вас. Можеби не изгледате како него или не се облекувате како него, но тоа не е важно- во секој момент треба да бидете исто толку самоуверени како што изгледа тој. ( со време можете да поработите на вашата форма и на начинот на облекување, но тоа нека биде само начин кој ќе ви помогне понатаму за да ја изградите вашата самодоверба.)

Погледнете ја оваа жена. Дали ви изгледа како да и недостасува самодоверба?

zena zamodoverba_majkatiitatkoti

Не, не изгледа. Зошто? Бидејќи е јасно дека таа е проклето лоша девојка.

Па кои се трите клучни елементи за да изградите цврста самодоверба која не може да се сруши?

Вие ќе имате цврста и доверба која не може да се сруши веднаш откако во вашиот ум ќе ги инсталирате следниве три главни убедувања:

1. Сите луѓе се еднакви и никој не е подобар од другиот. Што значи ова? Ова значи дека никогаш нема да имате доволно добра причина за да земете нешто од некој или да делите нешто со другите.  Споделете љубов, а не омраза.

2. Споделувајте љубов со луѓето секоја минута во денот, што значи дека вредите за да станете просперитетна личност, и секое добро ќе дојде кај вас во догледно време. Затоа, не се преоптеретувајте

3. Се што се случува се случува за да од вас направи силна индивидуа, особено вклучувајќи ги оние лошите работи, ова важи за сите. Случувањата се совршени и се што треба да направите е во секој момент да ги согледате поуките, а потоа да ги искористите со цел да го направите светот подобро место и само тогаш вие ќе бидете незапирливи.

Значи

Како да изградите неограничена самодоверба во општествените ситуации еднаш и засекогаш?

Повикајте се на тврдењето дека ‘Сите луѓе се еднакви’ и сфатете дека никој не може да направи да се чувствувате инфериорни без ваша согласност, според Eleanor Roosevelt.

Друга шега која можете да ја искористите во општествените ситуации ( кога ќе запознаете некој кој ве заплашува) е да речете дека секоја личност која сте ја запознале некогаш била шутрак и мрсулко кој мочкал по три пати на ден.

И крајно, сите ќе завршиме 3 метри под земја ( освен ако претходно не исчезнеме со некоја ангелска светлина?!), па затоа не сфаќајте се себеси толку сериозно на кратките мигови кои ги имаме за да шетаме по коктели и забави со вештачки насмевки.

Кога зборуваме за тоа колку сериозно се сфаќаме себеси, погледнете го следниов дел од Founders & Funders кој е многу корисен во однос на самодовербата наспроти ароганцијата:

samouveren VS aroganten_majkatiitatkoti

Се надеваме дека оваа статија ве насочи на вистинската правец.

Само напред! И не дозволувајте да ви недостасува самодоверба.

Посетено 6.962 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!