Икар не падна во море, а и на Сара не и е денот
[fblike]
Сара Стефановска што работи
во банка ја изгубила левата кондура додека
сабајле брзала кон работното место
и обезбедувањето не ја пуштило да влезе во зградата,
не била соодветно облечена.
Според нивниот dress code
морала да има 2 кондури… свашта?!
Така сите знаат меѓутоа вистината е поинаква,
кога идела накај работа некој
тип со кого се разминувала на тротоар ја фатил за гз
па Сара збеснала и го мавнава со левата кондура
и штиклата му се збрцала во глава ама манијакот
не ни приметил, само се изгубил во утринската гужва
Жива вистина е ова,
самата Сара ми го кажа додека седи уплакана на клупа
и ми раскажува за случката
„батали, немој да плачеш, било што било“- ја тешам
„ама можда отказ ќе ми дадат“
„ич да немаш гајле, со таква убавина секаде ќе те примат“
Додека така разговараме осеќам како
чудна сенка ми се приближува со
огромна брзина
Инстиктивно се наведнав, сенката профучи над мене,
и со поглед ја испратив како удри во ѕид и падна на тротоар
Испадна дека сенката е некое чудно створење и не знам
дали е човек со крила
или птица со човечка глава?
Аха, сепак е човек, има нозе ама толку е скршен
што личи на фичо врз кого паднала зградата
на Нова Македонија.
Створењето со тивок и болен глас ми се обраќа:
„кај е татко ми?“
„од кај знам кој ти е татко?“
„Дедал ми татко, можда си слушнал за него“
„да, оној со крилата, значи ти си Икар“
„да“
„а од кај тука?“
„па летав многу високо и сонцето ми ги стопи восокот.
ми се олабавија пердувите и толку, паднав“
„јас колку што сум учел требаше во море да паднеш
а не да се плеснеш во зграда“
„не знам стварно, јас само летав “
„него многу убави ти се пердувите, од што птица се?“
„и тоа не знам“
„аман бе ништо не знаеш, ај ќе ти ги земам,
ми требаат за монтка, евентуално јорган“
„а да ми помогнеш некако, да викеш доктор?“
„џабе, толку си скршен што цела светска хирургија
не може да те закрпи“
„ама ќе умрам“
„па ти секако ќе умреш,
дали ќе паднеш во море
или овака сплескан на тротоар исто ти се фаќа,
смрт си е смрт.“
Му ги собрав сите пердуви, ја отворив блиската шахта
и полуживото тело го бутнав внатре.
Ете ако има среќа сепак ќе заврши во морето околу Солун
Се враќам кај Сара.
Ја гледам уште плаче, целата е во солзи и мрсули
„немаш Палома?“ – ја прашувам
„не, ми се потрошија“
„аха, ај ќе идам да ти купам, ти седи овде“
Се стрчувам во Тинекс и за дивно чудо кај чоколадите
гледам еден тип
на кого збрцана кондура му штрчи од темето.
Него ни прашав, само му ја извлеков штиклата
и тогаш почна крв да пршти 2 метра во височина
како да е некоја преубава фонтана од моите сништа
која сеуште не е изградена .. фали уште музиката на Wagner
за комплетен филинг.
Манијакот одма се струполи, мртов 100%
Ја подзабришав штиклата од парченца мозок и крв
што се имаше залепено на неа
и се вратив на клупата кај Сара
Ама ја нема?!.Сара испарила?!
Обезбедувањто од банката ми кажа
дека сечела вени и ја однеле со Брза Помош.
Ја најдов во болница како мирно спие закачена
на милион апарати,
кондурата ја наполнив со бајадери, помеѓу нив
ја оставив мојата визит карта и и’ ја бутнав под перница
Ај можда ќе ми се јави кога ќе ја пуштат
Посетено 1.017 пати