Хамлет и коцкастата глава

Hamlet_panker_naslovna[fblike]
„неее бегај“- врисна девојка ми и ме оттурна од себе
„што е?.. што ти стана?“
„за малку ќе свршев“
„па?.. што има лошо во тоа?“
„татко ми ќе ме убие ако дознае дека сум
свршила пред брак“
„така ти рекол?..а да не ти рекол дека не смееш
да имаш секс пред брак?“
„уфф, не знам..можда ..сега ме збуни .. да му се јавам
да го прашам?“
„што, ти тачна си?… ако дознае дека сме се ебеле
тешко нас, ќе не’ скрши“
„имаш право..ама касно е сега ..ај да продолжиме“
„продолжи си ти сама…сигурно имаш нешто соодветно
во фрижидер..ај чао“
Само што искачам налетувам на татко и’,едно големо
створење со коцкаста глава и трчи-трчи коса
„што правиш ти кај нас дома?..да не сте…ќе ве убијам !!!“
„не никако, ништо до брак“- го смирувам „ него ти уби се коцкоглави“
-гласно ми се испушти кога се разминавме
„што рече?“
Џабе ми е сега, ме слушна „реков- ти уби се коцкоглави“
„зошто.. и зошто коцкоглав?“
„затоа што сте цела фамилија отидени.
затоа што ќеркати се изеба со пола град а мисли дека
не смее да сврши пред брак..и коцкоглав затоа што
главата не ти ја собира во обично огледало… во право сум?“
„па да…се чешлам во излогот на Стопанска банка кога идам
накај работа .. ама имав несреќа, затоа ми таква главата“
„е што несреќа, те згазил шлепер полн со пегли?“
„паааа слично… заради Шекспир ми е таква“
„што има врска Шекспир со пегла?“
„кога бев мал не’ однесоа од школо да го гледаме Хамлет
и ја украдов мртовечката глава на пола представа
па татко ми дома ме скрши од мавање со пегла“
„оф леле, вие сте цела фамилија за лечење ..
него имаше едно дете во мое маало со таков проблем
и го излечија..знам како, можам да ти помогнам ако сакаш“
„ај, сакам…а ќерка ми?“
„со неа после ќе се разберам ..само ти во ваква состојба
не смееш да возиш..најдобро
да ја препишеш колата на мое име..што е сигурно…“
И така , ми ја препиша колата и го однесов на бензинска
„Сега стави го цревово од компресор во уста и не го вади
се’ додека не ти се исправи главата“
Го наместив компресорот на најсилно, влегов во неговото (сега мое)
црвено Југо 55 кабрио и пред да успеам да киднам
се случи страшна експлозија.
Партали од човечки тела и делови од згради почнааа
да паѓаат врз мене и целиот ме затрупаа, главата
ми ја сплескаа од сите страни
Ама добро е, жив сум.. можам некако да си правам селфи
додека да ме ослободат од кршов, да утепам време
Правам една фотка…не, мора да е грешка
Правам уште една…леле не, не било грешка,
главата ми станала коцкаста,
не ми се верува каков баксуз сум

test baner cist text

Посетено 1.599 пати