Ги сакам благодарните луѓе. Оние кои се радуваат на ситници
Ги сакам благодарните луѓе. Оние кои се радуваат на ситници. Не знам, тие ми се некако најубавите луѓе. Дури ти е некако мерак да им дадеш нешто, само за да им го видиш изразот на лицето. Како на некој мистериозен начин душата да си ја ставаат на лице. Ќе им се развлечат сите клетки на телото во насмевка. И ќе им се отвори некоја брана во очите и ќе се слие низ образи благодарна солза.. Не, ич не треба ни да кажат „фала“. Па зар постои поголемо фала од самиот нивен поглед, израз на лице и говор на тело? Не, благодарните луѓе во се гледаат големо, убаво и вредно. Како самиот Творец да им ги дал своите очи и раце на дар. И кога даваат, тоа го прават некако посебно. Без театар и драма. Само ќе ти шушнат во рака некои пари кога знаат дека си во криза, а ако пробаш да кажеш не, ќе те гушнат и ќе ти кажат „знам како е, сум ти бил у патиките“. Или пред нос ќе ти ја грабнат сметката во кафич и ќе ја платат. Или ќе ти донесат дома некои полни кеси. Или ќе ти сварат чај, супа, ручек кога си за никаде. Ќе засукаат ракави и ќе ти зачистат по дома. Не стварно. Покрај толку неблагодарни луѓе, расфрлани како ѓубриште на депонијата наречена свет, благодарните штрчат како Монт Еверест. Па студовите и снеговите кои на нив ги фрла ладниот свет тие постепено ги топат и од нив прават извори на чиста питка вода. Цели реки вода. Доволно за неколку светови. И не бараат ништо за возврат. Не, благодарните луѓе не само што даваат подароци. Тие СЕ подароци