Фрик фамилија сме, дефинитивно

frik familija_panker

„слушај, срамота е овака да ја влечкаш играчкава
низ парк..ако ништо друга поубава купи си,
оваа многу идиотски изгледа“ – ми вика Тања,
една бивша што за глупост ми раскина
„ај не ми обесувај, не е играчка-количка него
е братучед ми, Филе се вика“
„а да идеш да се лечиш?“ – загрижено ме прашува
„стварно сум му братучед“ – прозборе „играчката“
Ме гледа она со неверување, го гледа Филе
„како,што е финтата, ништо не ми е јасно???“
„е овака,
пред скоро 2 години идеме со баба ми
накај Рамстор да си купи Дормео душек
во кеш, не и’ го даваа на рати, мислеа
дека нема да живее толку долго за да го исплати
и наеднаш
„уауу која е оваа убава млада дама?“ – слушаме некој глас
„кој е ова?.. гледаш некого?“ – ја прашувам
„не“ – одговара баба ми и ги брише цвикерите
„јас бев“
Се вртиме и гледаме едно Фиќо како заводнички
ја мерка баба ми, и’ трепка со фаровите
„млад господине ќе ми дозволите да ја однесам
госпоѓава на чај?“ – културно прашува Фиќово
„а бе ај гитла, не си ни човек туку раскапана кола
што некад била Фиќо“- грубо му враќам
„со задоволство ќе дојдам“ – се смешка баба ми
„бабо ма?..ај не биди кретенка, со крнтијава ќе идеш на чај?“
„па да, одамна не ми дал некој таков убав комплимент“
„бабо ма, ти нормална си? ..замисли да се засакате
па секс, па да останеш трудна?.. на што ќе личи детето?
на Фиќо со пунџа како твојата и старечки пеги на хауба
или ќе личи на тебе со фарови место очи
и брисачи наместо веѓи
и ќе моча низ ауспух?„
„ти да не му се секираш, пишан си ми како единствен наследник“
„е па тогаш може“ – ми олесна
„еве ти ја баба ми ама да ја вратиш до 10, има лекови за пиење“
„се разбира млад господине“
„И така баба ми остана трудна и еве ме сега“ – и’ дообјаснубвам на Тања
„ауу па вие сте биле фрик фамилија, на време те откачив“
-и избега какао попарена
„И Филе да те носам на сладолед?“ – го прашувам
„Не бе глуп , стално забораваш дека не јадам сладолед
ама можеш уље да ми смениш, нови дизни,
летни гуми да ми ставиш, зоврев во зимскиве,
онакво куче што му мрда главата за на шофершајбна
па ретровизор ми е скршен, па…….“
„ебате копиљот, година и нешто има
а секое искачање во парк ме кошта по 200 евра,
што ќе биде кога ќе порасне?“ – си мислам со тоа главата
и ја гледам таа што оди пред мене
во проѕирно хаљинче и со големо куче
Добро и’ стои фустанчево, ептен е фраерка,
ај можда кучево сака да си игра
со коли-играчки па ќе можам на раат да и’ се пуштам,
уште да го убедам Филе да не офка од болка
кога ќе го загризе кучево од непозната марка
со огромни заби

Посетено 1.073 пати