Едно прекрасно сончево утро се разбудив без ниту еден денар во џеб


Едно прекрасно сончево утро се разбудив без ниту еден денар во џеб. Не сакав да побарам од дома оти знаев дека ке ми дадат, но не ми беше тоа филмот.

Бидејќи се занимавам со сервис на компјутери, почнав да кројам план како да најдам некој компјутер за сервис и да заработам некоја паричка.

Наместо да го скројам планот јас, веднаш ми се јавија да средам компјутерот кај еден човек кој не го познавав многу добро.

Разговарајки со него во меѓувреме дури го поправав компјутерот проценив дека станува збор за добродушна личност на која што секој зачуван денар му е потребен за да преживее.

Во истиот момент доброто во мене, она човечкото ме натера да не му земам ниту 1 денар за сервисот на неговиот компјутер.

Кога целата процедура заврши тој ме праша: “Колку пари борчам мајсторе”, а јас му одговорив дека не борчи ништо, сето ова е поклон од срце, а тој ми врати: “Да си здрав и жив, Господ здравје да ти даде”.

И така го продолжив денот без денар во џебот, но со направено добро дело и тоа ме исполнуваше повеќе од замислата како ќе се чувствував да ги имав парите во џеб.

Решив да одам на прошетка и продолжив да чекорам по улицата каде одеднаш здогледав банкнота од  100 денари, така поставена како Господ да ја оставил за мене.

Ја зедов и си купив цигари.

Се опуштив во локален кафич пиејки кафе кога одеднаш заѕвони телефонот и ми се понуди еден сервис каде што ќе заработам повторно пари, а набрзо после него уште еден.

Го испив кафето и заминав да си ја завршам работата за да ги заработам парите што очекував да ги имам.

Ова беше само уште една сторија после која ке верувам дека за секое едно добро дело, Господ враќа дупло повеќе.

Од добрината не се бега!

Посетено 6.847 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!