ДРАГАН ДИМОВСКИ
Се будам, станувам и пуштам музика која ме орасположува уште рано наутро. Задолжително зимам лажичка мед, цедам лимон или цитрон и калинка додека го топлам млекото за првото утринско кафе, мала лажичка нескафе со веќе загреаното млеко и денот може да започне. Потоа се упатувам на тениските терени на веќе закажаниот меч. Спортот е составен дел од мојот живот, после два саата изигран тенис се осеќам релаксирано и со наполнети батерии продолжувам со секојдневните обврски. Имајте убав ден, т. е викенд. 🙂
Посетено 1.262 пати