ДЕМОКРАТИЈА…. ЛОША РАБОТА
[fblike]
Се враќам дома од лекар, морав да идам
да ми го сошијат левиот подочњак
пошто го фатив со врата
и слушам страшна галама доаѓа од кујна
Влегувам и што да видам, масовна
тепачка помеѓу мравките и бубашвабите
„ејјјј полека, ај доста“ – им свикав
За момент престанаа и се свртеа накај мене
„ај сега кажете ми зошто се тепате?“
„бубашвабите ни ги крадат сите трошки
што ти паѓаат на земја“ – викаат мравките
„не е точно, они сите ги собираат
додека ние спиеме и ги кријат од нас“
„ај не се карајте, од сега сите трошки ќе ги собирам
со лопатка и пола ќе ставам во тоа ќоше
за едните а во другото ќоше за другите
ама без крадење, ќе ги избројам“
Неколку дена се’ е мирно, нема тепање
и карање, супер, ми успеал планот
и отидов да ми ги извадат конците
Се враќам и во кујната пак старата слика,
викање, тепање, влечење за антените….
„е добро бе зошто пак се тепате?“
Сите нешто истовремено викаат, ништо
не ги разбирам.
„кој ви се команданти?“
„јас“-дигна рака една мравка
„јас“- се јави најголемата бубашваба
„ај со мене“ – им викам
Ги седнав во дневна, им ги гледам бесните ликови
и ги прашувам:
„ај сега кажете зошто пак се тепате?“
„они викаат дека нашиот бог не чини,
нивниот бил подобар“ – одговори мравката
„па така е“ – и’ реплицира бубашвабата
„еј ќе те убијам“- изреволтирано викна мравката
и и’ удри бокс на бубашвабата.
Ги раздвоив пред да и’ врати.
„во кои богови верувате па вие?“
„во Мисус“ – гордо вика мравката
„во Балах“ – кажа бубашвабата
„е па што е проблем,
едните молете се во едното ќоше
другите во спротивното и нема да
си сметате..договорено?“
„Да“- одговорија во еден глас
Неколку дена повторно мир во куќа
и еден ден во кујна ги гледам
сите бубашваби и мравки мртви
искасапени, со дупнати глави
уствари не сите, имаше една мравка
тешко повредена
„аман бе мравко, што сте направиле,
пак ли за религија се тепавте?“
„не бе, и ние мравките го земавме Балах
за наш бог“
„е па зошто тогаш?“
„па решивме да живееме подемократскi
направивме партии и се спремавме
за избори…и така, се затепавме“
„леле колку сте биле глупи, ти трудна си?“
„не не сум?“- збунето одговори
„е па тогаш ќе те убијам, што ќе ти е
сама да живееш, сакаш да умреш
од хемија или од физика?“
„не те разбирам“
„па ако те прснам со Пипс тоа е хемија
ако те згазам е физика“
„што боли помалце?“
„не знам, ај ќе пробам прво со физика
И така, ја спескав,
пак сум сам дома
ама досадно ми е,
ми фалат колку и да беа глупи.
Среќа што ние луѓето не сме такви
иначе и нас може да не снема еден ден
Посетено 381 пати