Дали сте во зрела или детинеста врска?
Постојат многу разлики помеѓу една здрава, зрела врска и нездрава, детинеста која не ви е баш од корист. Дали се наоѓатево првата или втората, откријте преку овие неколку знаци кои ќе ви покажат на што сте навистина.
[fblike]
Детинестата врска поставува прашања, зрелата врска ги одговара
Детинестата врска ќе те натера да си поставиш милион прашања околу партнерот, зрелата врска самата ќе ти ги одговори прашањата уште пред да си ги поставиш во главата.
Детинестата врска те остава да бараш, зрелата врска ти дава се што ти треба
Детинестата врска те остава да бараш внимание, љубов, време, зрелата ти го дава тоа внимание, таа љубов и тоа време уште пред да го побараш, односно ти дава се што ти треба.
Детинестата врска те прави едно, зрелата врска ти дава простор да дишеш
Детинестата врска ги прави партнерите зависни еден од друг, зрелата им дава простор да дишат бидејќи знаат дека е во ред да бидеш самостоен во врската, наместо едно, да бидете две заедно.
Детинестата врска те кочи, зрелата врска ти дава отворени хоризонти
Детинестата врска те удира со главата во таван, бидејќи освен партнерот не те остава да размислуваш на ништо друго, зрелата врска ти ги проширува хоризоните и не те кочи во прогрес.
Детинестата врска се разнишува преку пораки, зрелата врска се разнишува очи во очи
Детинестата врска ќе ги изразува проблемите преку телефонски повици, пораки и социјални мрежи, зрелата ќе го направи тоа очи во очи и автоматски добива повеќе шанси да ги реши проблемите.
Детинестата врска бара да се осознаваш себеси, зрелата врска бара да се имаш веќе осознаено
Детинестата врска бара детинести луѓе кои се уште немаат созреано, додека пак за зрелата врска да опстане во неа потребно е двајцата партнери да бидат веќе созреани.
Детинестата врска опстојува во еден свет, зрелата врска опстојува во различни светови
Детинестата врска чувствува опасност и нарушување на мирот кога се дружи со други светови, затоа живее во свој.
Зрелата врска не стравува, напротив се радува кога се дружи со други светови.
Детинестата врска те тера да планираш, зрелата те остава да бидеш спонтан
Постојано планирање на секој нареден ден, чекор и се останато е одлика на детинеста врска, додека пак спонтаноста и оставање на работите да се случуваат сами по себе означува зрела врска.
Детинестата врска те осудува за минатото, зрелата ти помага да го заборавиш
Детинеста врска ќе ти префрла за минатото и твоите лузни од него, зрелата врска ќе ти помогне да го заборавиш и ќе биде мевлем за твоите лузни.
Посетено 3.542 пати