Дали сте премногу стари за да го остварите сонот?

Sir Ranulph Fiennes, роднина на актерите Ralph и Joseph Fiennes е најверојатно најстариот жив истражувач.

Sir Ranulph Fiennes_majkatiitatkoti

Fiennes кој е роден во март, 1944 година е вистински авантурист и автор, тој е првиот човек кој стапна на Северниот и Јужниот Пол, првиот човек кој пешачеше на Антарктикот и еден од најстарите луѓе кој се искачи на врвот на планината Монт Еверест (на возраст од 65 години).

Тој беше офицер во Британската Армија а потоа и офицер во Султанатот Оман. Има напишано 19 книги. И покрај тоа што преживеал срцев удар и му бил вграден бајпас на три места само пред неколку месеци, во 2003 година Фајнс учествувал на 7 маратони на 7 континенти во 7 дена и сето тоа за добротворни цели.

Во 2007 година, и покрај стравот од височини, Фајнс се искачи на Eiger, од северната страна (познат како Ѕидот на Смртта) и добил 1.8 милиони фунти кој ги подарил во фондацијата за борба против ракот (на возраст од 63 години).

На една од поларните експедиции во 2000 година, санката на Фајнс која ги влечела резервите пропаднала на тенок мраз во водите на Северниот Пол и тој сакал самиот со своите раце да ги извлече. Тој се здобил со смрзнатини на прстите и и покрај препораките на лекарите дека не треба да превзема ништо во однос на смрзнатото ткиво и да одмора 4 месеци, тој сам си ги отсекол прстите со пиличка во бараката за дрва која се наоѓала во задниот дел на дворот. Забележано е дека подоцна тој изјавил “Здрав разум”.

Мислам дека сите се согласуваме дека ова е исклучително силен господин.

“Не постои лошо време, постои само несоодветна облека.” Ranulph Fiennes

Посетено 1.000 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!