Безброј можности за летување. – Зошто оваа дестинација е неодолива?

Планирате одмор во Грција? Прочитајте го нашиот водич за најдобрите региони, со стручни совети како за островите Санторини, Миконос, Родос, Крит и Крф, така и за копното, вклучувајќи го Пелопонез и Северна Грција.

Одмор во Грција значи збир на слики од идилични острови, долги песочни плажи, урнатини од антички градови и сино- тиркизни мориња. Но, со милји и милји на копненото крајбрежје и повеќе од 1.000 острови (никој не е навистина сигурен колку има), од кои 227 се населени, како да ја одберете идеалната дестинација за одмор?

Да започнеме од островите. Арго – Саронските острови вклучувајќи го и Хидра, омилениот на многу луѓе, привлекуваат со своите шик бутик хотели кои ги заземаат обновените неокласични палати. И покрај популарноиста на островот меѓу елитата, тој сепак изгледа автентично како времето да застанало. Тука е и Аегина, со своите полиња со фстаци, кој лежи најблиску до Атина. Кикладите, од кои најпопуларните се Санторини и Миконос, имаат тенденција да бидат карпести и суви, и се познати по нивните легендарни бели куќи со куполи.

Санторини и Миконос се најпознатите комерцијални и скапи острови во Грција, а исто така таму се наоѓаат и најголем број на хотели со пет ѕвездички, привлекувајќи ги меѓународните патници во потрага по сјај и луксуз, додека помалите острови како што се Антипарос и Коуфонис се поопуштени и мирни.

На далечната страна на Егејското Море, близу Турција, Додеканезите се расфрлани околу Родос, со својот прогонувачки прекрасен средновековен стар град и минијатурниот Патмос, со своите безвременски манастири. Додека, не толку експонираните Споради со мирис на борови дрва го вклучуваат Скиатос. Скиатос припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа, а со деноноќните забави на плажи, многубројните модерни кафулиња и ресторани, најмогу привлекува млади авантуристи.

Помалку посетени центри на североисточното егејско крајбрежје се Митилини (ака Лезбос), од каде доаѓа узото со вкус на анасон и Хиос, со своите средновековни села и мастични дрва. Најголемиот грчки остров, Крит стои самостојно, гордо се издига од Либиското Море и гледа кон кон Северна Африка. Главни влезни точки на островот се се Хераклион и Чанија. Единствените острови што не се достапни со брод од Пиреја се бујните зелени Јонски острови, а меѓу нив како најомилен е Крф. Јонските острови најмногу ги сакаат Британските туристи (и Италијанците во август) и покриваат широк спектар на можности за сместување, од економично до луксузно. Исто така, вбројуваат и многу извонредни плажи кои повеќе пати се нашле на топ листите за најубави во Европа. На овие острови освен убавите плажи има и многу култура и архитектура. Градови низ чии улички можеш да залуташ шетајќи и истражувајќи.

Назад на копното, на Пелопонез карактеристични се карпести планини, плодни долини и неколку извонредни археолошки локалитети, како што се Античкиот Коринт, Античка Олимпија и Епидаурус – тој лежи во близина на Нафплион, кој многу Грци го сметаат за најубавиот и најромантичен град.

На југ од Пелопонез, во близина на Мани, лежи Каламата (местото од каде доаѓаат маслинките). На суровиот полуостров со ветровити села од стари камени колиби, од кои некои се обновени како куќи за одмор.

Северна Грција, во чиј центар е Солун, е популарна кај туристите од Бугарија и Србија, кои престојуваат во големите современи одморалишта на Халкидики, во близина на манастирите на Света Гора (кои заземаат посебен полуостров).

Кога да се оди:

Каде и да се оди, загарантирани ви се топли, сончеви денови и весели ноќи од јуни до септември. Како и другите медитерански земји, Грција ја гледа својата врвна туристичка сезона во најжешките месеци, јули и август. Ако сакате да ги избегнете толпите и топлината, обидете се да ги посетите во јуни или септември, кога морето е доволно топло за да се плива, хотелите и рестораните се отворени, а тивкиот ден на плажа не ви го расипува нападот на туристите.

Како да се оди:

За совет, помош при резервација, организација на превоз може да се обратите кон стручниот тим на STAFF Travel Agency.

ТОП 5 ПРЕПОРАЧАНИ ЛЕТНИ ДЕСТИНАЦИИ ВО ГРЦИЈА ЗА 2018

  1. Кефалонија е најголемиот Јонски остров, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести, но има и песочни плажи. Тоа што најмногу ќе ве воодушеви на овој остров е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејзажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе ве натера повторно да го посетите
  2. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување. Oстровот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите.
  3. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја..Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.
  4. Скиатос. На само 400 км оддалеченост по копнен пат и 3 часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров – Скијатос. Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиатос има површина од 50 км2 и преку 50 плажи со резлична тематика. Плажи со деноноќни забави- Бананарама, плажи за ормор и релаксација-Агиа Елени, Мистик, диви плажи на северниот дел од островот-Мандраки… Градот Скиатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби.
  5. Закинтосе трет по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долгото крајбрежје, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.
Посетено 747 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!