Ајмо женички- недеља најлакши дан!


Еве ја агендата:
-чучнување пред корпата со валкани алишта и селектирање на истите на плочките во купатилото (пуштање на прва, втора машина….по сопствено видување)
-движење кон кујната (патем обид за будење на рожбите со неизбежното прашање -“што имаш за перење”-дерење од страна на рожбите)
– во кујната подготовка на неделниот ручек, ручекот за понеделник, вторник….
-завршува првата машина- пружање по парна, машини за сушење или закачалки за да не се оштети материјалчето
– фаза домашен октопод (трае 3-4 саати)-се’ е при крај машини, ручеци, брзинско чистење умивалници, кади…Потребен е автопилот..
-карање секој со секој
-ручање
-пеглање
-бањање
– поглед во огледало тазе бањат-АУУУУ- неопходна итна пластична..
– даваш се’ од себе- париш лице, ставаш маска, масираш лице…поглед во огледало – АУУУУ- се откажуваш од се’
– лакираш нокти и легнуваш свесна дека утредента ќе имаш грутчуња или линиички на ноктите од неправилно нанесениот и недосушениот лак за нокти
Пријатен ден мили мои! Smile

Посетено 6.401 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!