20 Работи Со Кои Ќе Бидете Најомразената Девојка На Музичкиот Фестивал

zurka_majkatiitatkoti

Секое лето, фановите трошат милиони долари за кампување и слушање на нивните омилени музички групи на различни локации, тој период е уште познат и како ‘сезона на фестивали’.
Како што е случајот и со најголемиот број на големи настани, и овде постојат непишани правила кои треба да ги почитуваат присутните. Кога тие правила ќе се искомбинираат со дрога тогаш тие не се ниту создадени за да се почитуваат. Тие повеќе претставуваат само водич за однесување.
После долгогодишното искуство на фестивали, решивме да создадеме споствен водич кој ќе ве упати како да се однесувате. Не е доволно да сте најзабавни или пак најразголени, она што е потребно е да бидете најомразената личност на настанот.
Ова е водич кој ќе ви помогне да бидете најомразената личност на музичкиот фестивал.
1. Носете облека во неонски бои
Важно е да се издвојувате од останатите. Ако сакате на сите да им биде јасно дека вие сте за прв пат на фестивал, тогаш носете облека во неонски бои.
Се што ќе направите и ќе привлече внимение е добро сторена работа.

2. Застанете на нечии рамена и мафтајте со огромно знаме така што никој позади вас нема да може да гледа
Сакате навистина да ја ‘запалите’ толпата? Обидете се да го попречите нивниот видик со најразновидни смешни риквизити кои ќе ви паднат на памет.
Луѓето нема да сакаат да се позади вас, а вие ќе имате голем простор каде ќе можете да танцувате и седите, па дури и да мочате кога ќе почувствувате потреба.  Ова последното е клучна одлика која ја дефинира најомразената личност на фестивалот.

3. Контактирајте со сите
Едноставно не е доволно само да ги бомбардирате луѓето со прашања од типот дали користат дрога. Употребувајте соодветна терминологија со која ќе ги прашате.
Обидете се со ‘Дали сме на исто ниво?’, ‘Дали го сакате животот?’, ‘Дали во моментот сте во облаци?’. Плус поени ако тоа го кажете гласно пред тимот од обезбедувањето.

4. Танцувајте нападно во просторот наменет за другите
Безгрижно мафтајте со рацете наоколу, згазнувајте на нечие стапало. Постојано скокате горе- долу со што видливо ги вознемирувате вашите соседи.
Случајно го фрлате отпадокот врз некој друг, а потоа гледате нагоре и се преправате како да воопшто не знаете што се случува.

5. Плачете бидејќи сте ги изгубиле пријателите или пак мобилниот телефон
Одете од еден на друг и прашувајте ги дали можеби ги виделе вашите пријатели и побарајте да ве испратат до влезот. На овој начин ќе стекнете нови познатства.

6. Било која од следниве комбинации- цветни дезени, круна на главата, шорцеви со висок струк, очила итн.
Ова е навистина значајно, луѓето кои не носат ќе ве критикуваат. Ќе го сликаат вашиот смешен надворешен изглед, а со тоа само ви докажуваат дека сте личност кој ја мразат.

7. Постојано бакнувајте се со вашиот партнер
Не застанувајте ниту за да земете воздух, единствено ако треба да извикате- Ја сакам оваа песна. Правете го тоа заради самите вас, а не за останатите

8. Не се туширајте цела недела
Докажете му на светот дека сте дојдени таму за да слушате музика со тоа што ќе ја запоставите вашата лична хигиена. Рацете постојано држете ги кренати во воздух!

9. Снимајте го секој настап, пожелно на iPad
Уништете го секој голем момент со тоа што ќе го снимите. За да бидете целосно сигурни дека луѓето ве мразат, избришете го со изговор дека има лош квалитет и повторно направете го истото и не заборавајте сето тоа да го споделите на социјалните мрежи.

10. Носете светлечки нараквици и стапчиња и со рацете удирајте ги луѓето в лице
Преправајте се дека не ги слушате поради прегласната музика кога тие ќе побараат од вас да престанете. Можете да носите и маска за лице.

11. На секоја нова песна извикувајте ЈА САКАМ ОВАА ПЕСНА, ЈЕЕЕЕЕЕЕ…
Сами играјте си забавна игра за тоа колку најдолго можете да извикувате ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ… во еден здив. Гласно исповедувајте и се публиката колку го сакате тој бенд.

12. Фалете се дека претходните години било многу подобро
А зошто всушност сте тука? Бидејќи никогаш досега не сте биле.

13. Фрлајте се  пред обезбедувањето
Да се надеваме дека ќе бидат згрозени од ситуацијата и ќе ја занемарат целата работа. Ако сакате да бидете наојмразената личност на фестивалот треба да сонувате на големо и да целите високо.

14, Коментирајте ја цената на се
Фалете се дека не само што сте купиле билет поефтино, туку и сте продале неколку така што дури и сте заработиле пари од сето тоа. И честитки, сите ќе ве мразат.

15. Постојано објавувајте на Instagram
Тоа е начинот на кој на сите дома ќе им покажете дека сте најомразената личност на фестивалот.

16. Земете киселина за прв пат и плискајте во солена бања
Се шегуваме за ова, сфативте, зарем не?

17. Објаснувајте дека некои непознати бендови прават да се чувствувате навистина посебно
Преправајте се дека го знаете само името на главниот пејач бидејќи сте се сретнале зад сцената.

18. Кога ќе се вратите, пожалете од фестивалот
На тој начин не само оние кои биле таму, туку и оние кои не присуствувале ќе ве мразат. Успех!

19. Бидете неподносливи личности
Фрлете празно шише така што некој ќе може да се лизне. Не помагајте во поставувањето на шаторот. Задржувајте се предолго во тоалетот.

20. Понесете ги и вашите деца
Па овде има и рингишпил. Кој рече дека ова не е семеен настан?

 

Посетено 2.291 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!