13 причини зошто утринскиот секс е најдобар
Постојат мали, а големи мигови во нашите животи. На пример, кога ќе го вклучите телевизорот и во истиот момент Роби Вилијамс дава трогатрелен говор, кога на касата од супермаркетот неочекувано ќе дознаете дека имате 30 % попуст на целата сметка, или пак кога погледнувате во телефонот и во тој миг ви пристигнува порака од вашата симпатија. Ваквите случајности прават да се чувствуваме како да светот се врти околу нас.
Истото важи и за сексот. Не верувам дека постои подобро чувство од тоа да имате личност покрај вас која можете да ја прегрнете и која може да направи да се чувствувате посакувани.
Утринскиот секс е исто како да јадете чоколадна торта за доручек. Плус и кој не би сакал да остане во кревет малку подолго.
Не значи дека придобивките од утринскиот секс се сведуваат само убаво однесување кон останатите во текот на престојниот ден. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои често имаат утрински секс се поздрави и посреќни личности.
Утринското будење од партнер кој е загреан за секс е многу подобро од звукот на алармот.
Еве неколку причини зошто утринскиот секс е најдоброто нешто што може да ви се случи:
1. Утринскиот секс е секс кој долго се памти
Ќе имате за што да прераскажувате во текот на целиот ден со вашите пријателки. Тие нестрпливо ќе го чекаат вашиот детален извештај. Но, нема потреба да ги откривате сите детали.
2. Со сигурност ќе станете на десна нога
Денот по утрото, поточно по утринскиот секс, се познава. Сексот е природен уништувач на стресот, а ефектите можат да траат дури до седум дена.
Утринскиот секс, исто така го зголемува нивото на антитела кои се борат со инфекциите. Тоа е исто како да сте ја зеле препорачаната доза на витамини, само на начин кој ви пружа задоволсво и уживање.
3. Можете да ја прескокнете теретаната тој ден
Ова е подобра алтернатива за утрински тренинг. Научниците тврдат дека со едночасовен секс ќе согорите исто толку калории колку и со 30 минутно трчање.
Со еден час секс мажите и жените согоруваат во просек од 240 до 180 калории.
4. Кој не сака денот да му започне со оргазам?
Тоа ви е нешто како Божиќно утро- ве чека пакетче кое со сигурност ќе ве израдува. А најдоброто е што сите добиваат.
5. Бидејќи веќе сте голи
Тоа е она што го забрзува процесот, а тоа многу може да ви значи во работните денови.
Послушајте го советот на големиот филозоф Аристотел “ако сите се голи, значи дека треба да имаме секс“. Паметен дечко.
6. Може некој друг да ве префрли до работа
На кој му е потребно да вози до работа кога веќе убаво ’возел’ цело утро.
7. Така е поинтимно
Моментите кои ги имаме само за нас кога наутро ќе ги отвориме очите се навистина посебни. Повеќето луѓе со кои постојано сте заедно немаат поим како изгледате, мирисате, звучите и што чувствувате наутро.
Поделете ја оваа тајна со личноста која ви значи и ќе станете многу поблиски. Утринскиот секс ви ги ублажува секојдневните обврски и на некој начин ви дава чувство на исполнетост.
8. Бидејќи утринскиот секс под туш е незаменлив
Водата ви плиска во лицето, а вашите тела се влажни и лизгави.
Утринскиот секс е забавен, позабавен и од забавен парк. Подобар дури и од Дизниленд.
9. Ви потврдува дека се посакувате и кога сте трезни
Не сте пијани и имате секс- тоа значи дека има надеж за вашата врска.
10. Бидејќи имате изговор да бидете среќни додека сте на работа
Колега 1: Како ја помина ноќта?
Вие: Имав одличен утрински секс.
Колега 2: Толку сум напнат и под стрес.
Вие: Еден добар утрински секс може да го поправи тоа. Знам од искуство.
11. Бидејќи сексот е добра замена за кафето
Сексот ќе ве рассони побрзо од било што друго, ќе ве освежи подобро од кофеинот. Не е страшно дури и ако станете зависни.
12. Ќе се чувствувате како да чекорите во облаци
Утринскиот секс е доказ дека претходната ноќ била и повеќе од добра. Особено ако се разбудите во нечиј непознат кревет. Утринскиот секс е учтив начин на кој тој ќе ви каже дека е време да си заминете од неговиот стан. Уживавме. Сега секој по својот пат.
13. Зарем може нешто да ве разбуди побрзо од добар ’петел’
Утринскиот секс му ја дава вистинската вредност на раното утринско будење.