КОСТА КАЧУРКОВ
Коста Качурков
Раководител на проекти IDEA Plus CommunicationsИскрено немам некаков проблем со будењето, станувам и размислувам кои обврски ме чекаат преку целиот ден.
Првото кафе со кое го започнувам денот го пијам со колегите на работа, во кое уживам бидејќи на тој начин се полнам со позитивна енергија.
Првите дискусии со колегите се разменети… и така започнува денот. Уживам во кафето на сонце со друштво во некои од Скопските кафулиња, меѓутоа не секогаш работните обврски, а и временските услови го дозволуваат тоа.
Едноставно кафето е нераскинлив дел од сите убави работи кои ми се случуваат во текот на целиот ден – будење, дружење, муабети, уживање
Посетено 2.515 пати