Љубовта е страсна: Ако не се борите за неа – никогаш не сте биле вистински вљубени

Љубовта ги излудува луѓето. Поточно ги излудува токму начинот на кој луѓето ја толкуваат љубовта. Љубовните врски имаат свои подеми и падови како и се останато во животот.

ljubovta e strastna_majkatiitatkoti

Работите секогаш се идеални на почетокот, но потоа неизбежно се претвораат во грди во еден или друг миг.

Личноста која ја сакате со целото свое срце се претвора во нешто на што можете да го истурите својот бес.

Дозволувате вашите чувства да се издигнат до врв и наместо да се потрудите за да ги разберете, вие се истурате на вашиот партнер, единствената личност која ве сака, која се грижи за вас и ве поддржува.

Тоа е истата онаа личност која вие треба да ја сакате, да се грижите за неа/ него и да ја/ го поддржувате. Расправиите се вообичаени во врските. Всушност, ако никогаш не се скарате тоа значи дека не се сакате.

Љубовта не излудува. Таа не тера да правиме и велиме работи кои не се својствени за нашиот карактер.

Непотребно е врската да биде исполнета со дерење и недолично викање- тоа се случува само кога не ја разбирате љубовта, кога не разбирате што е она што вие го чувствувате и не знаете како да се справите со истото.

Следново се случува во љубовната врска со текот на времето:

Фразата ‘меден месец’ прави да имаме невозможни очекувања

Романтичната љубов е најубавото нешто што животот може да ни го понуди. Таа е толку прекрасна бидејќи е природна, не и е потребно никакво дотерување и разубавување. Проблемот е што после секое искачување на врвот следува приземјување.

Љубовта е како луда железница, после секое вивнување во облаците следува неизбежното спуштање надолу.

Во почетните фази на љубовната врска, постојано го доживуваме тоа искачување, се повеќе и повеќе размислуваме со нашето срце и уживаме во брановите од емоции кои не облеваат.

На крај, сите тие силни емоции почнуваат да бледеат- едноставно така мора да биде. Невозможно е постојано да ги имате тие силни чувства кои доаѓаат со романтичната љубов. Тие емоции не се постојани, туку се само пријатно изненадување.

Проблемот е што тие силни чувства кои ја дефинираат љубовта не се ниту половина од целата приказна.


Секогаш доаѓаме до момент кога се запрашуваме дали сме во право или не

Човечките умови се неверојатно моќни. Тие во целост ја контролираат нашата реалност. Проблемот е што иако ние управуваме со нашите умови, сепак можеме да ја изгубиме контролата врз нив, што значи и да изгубиме контрола врз реалноста која ја доживуваме.

Љубовта е само една верзија на реалноста. Чувствата кои ги имаме ние ги толкуваме како љубов. Си дозволуваме да се отвориме и да споделуваме работи со некој кој во основа е странец. И дозволуваме на таа емоционална и романтична реалност да не проголта.

Но тогаш интензитетот се намалува, мистеријата и новитетите почнуваат да се губат, се води до прашањето дали реалноста која ја создадовме за самите себе е реална.

Најсмешната работа е што ние сами си ја гадиме реалноста, а сепак го ставаме во прашање нашиот сопствен краен производ.


Неизбежно се прашуваме дали конечно го пронајдовме вистинскиот/вистинската или тоа е само привремено

Светот ви нуди безброј можности, а со тоа доаѓа и зголемувањето на опциите на вашиот/та партнер/ка.

Колку што светот станува помал, толку повеќе можности имаме- кога станува збор за пронаоѓањето на љубовник- колку повеќе ја разгледуваме можноста дека правиме грешка што сме со личноста со која во моментот сме, толку поголема е веројатноста дека работите ќе тргнат на лошо.

Поради тоа што умот е систем кој сам себе си се потхранува, доколку ја доведеме во прашање љубовта се отвора и можноста да ние излеземе од истата. Тоа не значи дека љубовта исчезнува, туку дека ние постојано сме во потрага по следната повисока цел.

Во истата секунда кога ќе ја разгледате можноста дека правите грешка со тоа што сте со таа личност, дефинитивно ќе следува расправија.


Вистината излегува на површина и ние сфаќаме дека нашиот партнер/ка не е совршен/а

‘Љубовта може да ве заслепи’, сигурно сте го слушнале ова и претходно. Како и да е, ова тврдење сепак е погрешно. Вистинската љубов не е слепа. Таа ги препознава несовршеностите, недостатоците, грешките и ги прифаќа. Романтичната љубов е илузија.

Романтичната љубов е во целост поткрепена од емоции, чувства на кои ретко може да им се верува. Гледате, чувставата и немаат многу голема функција, поентата е во начинот на кој ние ги толкуваме тие чувства.

Откако ќе дознаете дека совршеноста која сте ја изградиле во вашите умови не соодветствува со личноста со која сте во моментот, можно е да бидете малку потресени.

Оние кои се поискусни сфаќаат дека совршенството не постои и знаат како правилно да ги насочат своите емоции.

Сепак, повеќето од луѓето само ја истураат в лице целата лутина на личноста во која тврдеа дека се вљубени.


Понекогаш тешко можеме да прифатиме дека не сме совршени

Смешно е, знам. Се разбира дека не сме совршени. Се разбира дека сите правиме грешки. Сите ние сме подвижни несовршености.

Знаеме дека не сме совршени, а сепак многу се навредуваме кога нашиот партнер ќе побара да направиме некои мали промени, да се подобриме и да направиме компромис.

Не сакаме да се промениме бидејќи имаме некоја смешна идеја дека патнерот/ката треба да не сака онакви какви што сме… а тие го прават тоа зарем не?

Само затоа што тие бараат од вас да се промените не значи дека помалку ве сакаат.

Тешко е две егоцентрични суштества да живеат под ист кров. И сето тоа да биде на мирен начин- тоа не е возможно.

Знаете дека не сте совршени, дека треба да поработите на тоа, а сепак не сакате да ја послушате единствената личност која ве знае можеби и подобро од самите себе. Ако ништо дуго, тоа кажува многу повеќе за вас, отколку за вашиот партнер.


Не е лесно да го одржите вашето ‘јас’ кога веќе сте ‘ние’

Причината поради која ви е толку тешко и на двајцата е што истовремено сакате и не сакате да бидете сами. Бараме простор се додека да се почувствуваме осамени, а потоа сакаме друштво и љубов.

Можете да ги имате и двете, најискрено. Но треба да сте доволно паметни. Ова ми беше најголем проблем мене последниот пат кога бев вљубен. Јас сум неверојатно егоцентричен и во исто време знам да сакам со срце и душа.

Обидете се да се разберете самите себе, да ги разберете вашите психолошки и емоционални потреби, разберете ги и потребите на вашиот партнер/ ка и тогаш барајте го вистинскиот баланс.

Не викајте, не се дерете и не исфрлајте го бесот. Вие сте возрасни и сте во љубовна врска… време е да почнете да се однесувате така


Љубовта паѓа во вода ако не ја разберете нејзината природа

Начинот на кој сега ја разбирам љубовта е сосема спротивен на оној во кој првично верував. Кога ќе се вљубите, интензитетот на тоа чувство моментално ве обзема.

Чувството е толку уникатно и неверојатно што почнувате да мислите дека се се случува некаде надвор од вас. Почнувате да верувате дека не можете да ги контролирате работите. Често слушаме ‘не можете да им помогнете на оние кои ги сакате’- чисти глупости.

Љубовта не е ништо повеќе магична отколку што е физичка- повеќето луѓе не го сфаќаат тоа. Затоа се бориме. Се трудиме да повредиме некој или да нанесеме болка бидејќи тоа ни ја дава илузијата дека имаме контрола врз нешто.

Ја уништуваме прекрасната можност за која бевме доволно среќни да добиеме шанса- а зошто? Во каква бајка веруваме и каква треба да биде љубовта?

Ако верувате дека љубовта е целосно поврзана само со емоциите како што веруваат повеќето луѓе, тогаш таа љубов ќе падне во вода и тоа ќе се повторува и повторува.

А што е уште полошо, вие повторно и повторно ќе бидете повредени се додека повеќе нема да бидете во можност да чувствувате болка. Тогаш нема да чувствувате ништо- потполна зашеметеност… а тоа е најлошото од сите искуства.

Посетено 7.141 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!