Лажете кога велите дека сте “премногу зафатени” за да излегувате
Балансирањето на љубовниот живот во рамките на вашиот живот понекогаш може да биде и премногу за вас, повеќе од она со што вие можете да се справите. Живееме во време кога на можностите им нема крај, но бесконечни се и нашите потреби и желби.
Времињата навистина се променија во изминатите неколку децении. Сега сите имаат големи надежи и аспирации. Колку повеќе време трошиме обидувајќи се да ги оставриме своите лични цели и фокусирајќи се на сопствените животи, толку помалку време имаме за се останато. Можностите се бесконечни, но исто така се и ограничувањата.
Теоретски, се е можно, но не можеме да имаме или да направиме се. Нашите животи се ограничени и останува на самите нас да одлучиме како ќе го потрошиме тоа малку време што го имаме.
Имаме само 24 часа во денот за да јадеме, спиеме, да ги оствариме нашите соништа, да се подобриме сами како линости и ако имаме среќа да пронајдеме некој во кој ќе се вљубиме.
Постојат луѓе кои секогаш успеваат да најдат време за да излегуваат. А од другата страна пак, сме ние.
Ние не излегуваме. Си велиме дека ќе имаме време да излегуваме подоцна во животот, понекогаш наоѓаме личности за една ноќ само за да ја ублажиме болката или пак остануваме безнадежни романтичари и покрај тоа што не сме секогаш доволно храбри да го признаеме тоа. Тогаш се трудиме да не се фокусираме на тоа колку сме бедни.
Јас повеќепати поминав низ овие фази, после одредено време се станува неверојатно досадно. Кога сфатив што правам, застанав и ми беше потребно време да сфатам што точно сакам и како сакам да го добијам тоа.
Клучот е во ефикасноста. Потребно е да потрошите време и напор за одредена работа колку што е неопходно за да го добиете она што го сакате. Не сфаќајте ме погрешно, но еден ден ќе бидете горди на вашата борба и вашата приказна за успехот.
Колку сте поуспешни, толку поголема ќе биде вашата борба. Само што ќе се борите и мачите пократок временски период.
Ефикасноста е клучна за да имате идеален живот. Сите работи кои ги сакаме во животот, вклучувајќи го и вашиот партнер се цели во животот.
Логично е. Повеќето луѓе излегуваат со погрешни личности. Така е не поради тоа што тие не знаат дека личностите со кои излегуваат не се вистинските за нив, туку поради тоа што премногу се плашат за да си признаат тоа на самите себе.
Не сакаме да сме сами и често избираме погрешни личности само за да го избегнеме тоа. Но вистината е дека повторно можеме да завршиме сами, постои и таа можност. Сепак, можете да превземете нешто за да не завршите во несреќен брак, на пример можете да бидете доволно искрени со самите себе и да си признаете кога некоја личност не е вистинската за вас.
Доколку не сметате дека сте со вистиската личност, само продолжете со животот. Не трошете го времето беспотребно. Обратете внимание на видовите на личности со кои излегувате. Потсетете се на она што претходно одредивте дека ви се допаѓа и она што воопшто не го цените. Првиот чекор во потрагата по вистинската личност е да сфатите што барате.
Со текот на времето, вие ќе излегувате со се помалку и помалку личности. Доколу не е така, вие сеуште не сте ја научиле лекцијата.
Никој не го добива она вистинското од прв пат. Ставени сте на тест. Паѓате на тестот. Ја учите лекцијата. Памтите. Се трудите да не ги повторите истите грешки.
Целта е да го стесните кругот на пребарувањето. Можеби ќе посакате и да ги запишете вашите пронајдоци, како да станува збор за некаков проект.
Можеби ви звучи смешно, но научните проекти се оние кои ве доведуваат до посакуваните резултати. Затоа, фокусирајте се на тој посакуван резултат- идеален спој.
Доколку разумно го распределите времето, нема потреба никогаш да се грижите дека ќе немате доволно време да излегувате. Можеби нема да излегувате често, но така е поради тоа што сеуште не сте сретнале некој за кој вреди да го трошите вашето драгоцено време. Пронаоѓањето на вистинската личност во голема мера зависи од среќата, вие никако не можете да го промените тоа. C’est la vie.
Повеќето луѓе излегуваат како да тоа е некој вид на спор или хоби. А и сигурен сум дека за голем број на луѓе ова се однесува во буквална смисла. Кога ќе сфатат дека немаат голем број на потенцијални кандидати почнуваат да прават планови како да ги зголемат шансите да најдат некој компатибилен.
Можеби немате многу гаранции во животот, но со сигурност можете да направите нешто за да ги зголемите вашите можности. Можете истовремено да ги остварувате вашите соништа и да создадете прекрасен живот за вас и љубовта на вашиот живот.
Можеби не можете да имате се. Но, тоа не ви е ниту потребно. Потребно ви е само она што ви е неопходно.