Рецепт за љубов

Напишано 1988 година, во бифето на Драмски…

Во една пригодна атмосфера ставете малку насмевки, скромност и нежност(по желба).

Потоа, измешајте ги добро. По мешањето, зачинете ги со малку чувства(ако ги имате при рака).

Кога сето ова добро ќе се сталожи, почнете внимателно да го динстате(околу два часа), со неколку топли зборови, се додека не стане подготвено за ветувања.

Ветувањата додавајте ги периодично и крчкајте ги околу 20 минути.

Ако забележите дека атмосферата не е наполнета до крај, додадете и малку лаги за подобар вкус.

Кога смесата во атмосферата ќе добие своја форма,оставете ја 15 минути, па префрлете ја на топло и сигурно место и чувајте ја една ноќ.

Утредента, атмосферата е веќе подготвена за служење.

Се препорачува да се служи веднаш, бидејќи не е вкусна кога е студена.

Затоа, избегнувајте да ја чувате на студени и несигурни места, зашто тогаш бргу спласнува.

Чувајте ја од озборувања и интриги, и секој ден додавајте и по малку љубомора, за да остане во добра состојба.

Пријатно!

Посетено 5.697 пати